Close Menu
Press24
    Најново

    Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје

    10.11.2026 во 13:50

    Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    10.11.2026 во 13:38

    Царината и Врховниот суд потпишаа договор за електронска размена на податоци во реално време

    10.11.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје
    • Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Царината и Врховниот суд потпишаа договор за електронска размена на податоци во реално време
    • Кривична пријава за 38-годишен тетовец: Оставил писмени закани за деканот и професорите на Факултетот за уметности
    • Поставени специјализирани контејнери за текстилен отпад пред училиштата и градинките во Општина Центар
    • Димитриеска-Кочоска во Собранието: Ребалансот е навремена реакција за зачувување на стабилноста на јавните финансии
    • Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно
    • Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје

    Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје

    10.11.2026 во 13:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од денес, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

    „Лимитот се применува збирно за сите сметки во Банката и ги опфаќа следниве канали: плаќање со картички во трговија или електронска трговија, повлекување готовина од банкомати, повлекување готовина на шалтер во експозитура, како и плаќања преку електронско и мобилно банкарство.

    Исто така, од утре со работа ќе започне и експозитура на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје, поконкретно експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“, на адресата бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1. Со отворањето на оваа експозитура, клиентите на Банката од Скопје и околината ќе добијат полесен пристап до банкарските услуги, без потреба да патуваат во другите градови.

    Продолжуваат со работа и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде што клиентите можат да ги користат услугите коишто им беа овозможени досега, односно подигање готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и останати потреби.

    Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за постепено проширување на достапноста на банкарските услуги, со приоритет да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

    „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, а привремената администрација е заштитна мерка којашто се применува до разрешување на сопственичката состојба. Приоритет на Народната банка останува заштитата на интересите на клиентите и зачувувањето на стабилноста на Банката“, соопштија од Народната Банка.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    10.11.2026 во 13:38

    Царината и Врховниот суд потпишаа договор за електронска размена на податоци во реално време

    10.11.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.