Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно

    10.11.2026 во 13:04

    Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта

    10.11.2026 во 13:01

    Апсење на патот Блато-Дебар: Во „сеат“ пронајдена марихуана, возачот возел под забрана

    10.11.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно
    • Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта
    • Апсење на патот Блато-Дебар: Во „сеат“ пронајдена марихуана, возачот возел под забрана
    • По 30 години нов Кривичен законик: Македонија подготвува големи промени во казненото законодавство
    • Тошковски: Сега веќе нема да знаете каде се ве снима камера од Сејф сити
    • Удрил 17-годишна девојка со тротинет во Тетово и избегал – малолетничката е тешко повредена
    • Измама во тетовско: Пензионер платил 400 евра за помош и нега од друго лице, па го пријавил посредникот во полиција
    • Влегол во училиште за време на големиот одмор и нападнал две деца: Драма во училиште во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно

    Тошковски: Целта не ни е да го полниме буџетот – од Сејф Сити собираме околу 10 милиони евра годишно

    10.11.2026 во 13:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 10 милиони евра годишно се очекува да се слеваат во државниот буџет од казните преку системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека станува збор за првични проценки, а не за конечни бројки, бидејќи годината сè уште не е завршена.

    „Вкупниот прилив којшто се очекува годишно да биде во рамки на државниот буџет е некаде отприлика околу десет милиони евра. Ова не се точно утврдени бројки. Не е завршена годината, но согласно динамиката којашто ја имаме, очекувањата се дека вкупниот прилив ќе биде некаде околу десет милиони евра“, изјави Тошковски.

    Од овие средства, 25 проценти, односно околу 2,5 милиони евра, се наменети за Министерството за внатрешни работи и ќе се реинвестираат во натамошното развивање и унапредување на системот „Безбеден град“.

    „Точно 25 посто се наменети за буџетот на Министерството за внатрешни работи. Повторно реинвестирање во рамки на сè она коешто значи имплементирање и додадена вредност на ‘Безбеден град’“, рече министерот.

    Тошковски нагласи дека основната цел на проектот не е собирањето пари од казни, туку подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.

    „Пак ќе повторам по милијардити пат, целта на овој проект не е полнење на буџетот на државата“, порача Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски и ОБСЕ им оддадоа признание на професорите од осум скопски средни училишта

    10.11.2026 во 13:01

    Апсење на патот Блато-Дебар: Во „сеат“ пронајдена марихуана, возачот возел под забрана

    10.11.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.