Close Menu
Press24
    Најново

    Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол

    10.11.2026 во 16:25

    Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година

    10.11.2026 во 15:51

    Сиљановска-Давкова упати сочувство до претседателката на Бугарија по трагедијата на автопатот „Тракија“

    10.11.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол
    • Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година
    • Сиљановска-Давкова упати сочувство до претседателката на Бугарија по трагедијата на автопатот „Тракија“
    • Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра
    • Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија
    • Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит
    • Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци
    • Од 2027 година нема телефони ниту во ранците: Построги мерки за учениците во Англија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол

    Осум дена притвор за битолчанец: Двапати фатен да вози пијан за помалку од 30 часа, вториот пат со 3,5 промили алкохол

    10.11.2026 во 16:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Осумдневен притвор му е одреден на 29-годишниот Х.Ј. од Битола, кој за помалку од 30 часа двапати бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил под дејство на алкохол.

    При првата контрола на Битолчанецот му биле измерени 3,23 промили, додека при втората контрола му биле измерени 3,50 промили алкохол во крвта.

    Првиот случај бил регистриран на 7 ноември во 21:30 часот, на паркингот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

    Полициски службеници од СВР Битола запреле патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј., при што по извршеното алкотестирање и измерените 3,23 промили, лицето било веднаш лишено од слобода.

    Помалку од 30 часа подоцна, на 9 ноември во 02:41 часот, истиот возач повторно бил запрен од полицијата на улицата „Партизанска“ во Битола, додека управувал истото возило „Мерцедес“.

    При втората проверка му биле измерени 3,50 промили алкохол во крвта, по што повторно бил приведен во полициска станица.

    По документирање на случаите, на 29-годишниот битолчанец му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

    Прочитај повеќе

    Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци

    10.11.2026 во 14:44

    Кривична пријава за 38-годишен тетовец: Оставил писмени закани за деканот и професорите на Факултетот за уметности

    10.11.2026 во 13:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.