Запрен романски камион во возна лента е можна причина за иницијалниот судир во денешната трагедија на бугарскиот автопат „Тракија“, во која загинаа 11 луѓе, а десетици се повредени.
Ваква претпоставка објави претседателката на Европскиот центар за транспортни политики Диана Русинова која во текот на денот била на местото на несреќата во Јамбол.
Рече дека според нејзините информации, камионот бил запрен активна сообраќајна лента во правец кон Бурса. Сепак, засега не е познато дали причината за тоа е технички дефект или нешто друго.
Русинова изнесе и сомнеж дека дел од судирите во спротивниот правец можеби биле предизвикани од возачи кои забавувале, или да застанувале за да помогнат, но и за да ја снимаат несреќата. Нагласи и дека сѐ то тоа се претпоставки, а не и официјални заклучоци од истрагата.
Претседателката на ЕЦТП упати сериозни критики за недостатокот од современ систем за предупредување на автопатиштата, особено при густа магла и намалена видливост.
„Двапати бевме на чекор од изградба на таков систем, но тоа не се случи“, изјави Русинова, посочувајќи дека постапките за воспоставување системи за рано предупредување биле прекинати во 2022 и 2026 година.
Во трагедијата на 10 ноември учествуваа десетици автомобили и товарни возила, а густата магла на одредени делови ја намалила видливоста на околу десет метри.
Истрагата треба да ги утврди точните причини и околностите под кои се случиле верижните судири. Поради трагедијата, 11 ноември е прогласен за ден на национална жалост во Бугарија, според бугарските медиуми.

