Close Menu
Press24
    Најново

    ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор

    10.11.2026 во 22:47

    Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен камион е можната причина, возачи застанувале од спроти за да снимаат

    10.11.2026 во 22:35

    Мицкоски на манифестацијата „ТОП 100“: Успехот на секоја компанија е успех на целата држава

    10.11.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор
    • Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен камион е можната причина, возачи застанувале од спроти за да снимаат
    • Мицкоски на манифестацијата „ТОП 100“: Успехот на секоја компанија е успех на целата држава
    • Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна
    • Зеленски ја повика Европа да избере претставник за преговорите со Русија и САД
    • ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи
    • Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош
    • Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор

    ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор

    10.11.2026 во 22:472 Mins Read
    ФОТО: ВРЕДИ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Усвојувањето на предлогот за правосудниот испит во Владата претставува историски исчекор, со кој за првпат се предвидува полагање на испитот и на албански јазик. Ги слушнавме студентите и се заложивме ова прашање да добие институционално решение. 

    Ова го соопштија од владиниот коалициски партнер, ВРЕДИ по редовната седница на Централното претседателство на коалицијата на која, се разговарало за актуелните политички случувања и биле потврдени приоритетите за претстојниот период.

    -Охридскиот договор не е сопственост на која било политичка партија. Тој е историско достигнување и резултат на жртвите што албанскиот народ ги поднесе за рамноправност. По повеќе од две децении чекање, правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници мора да биде загарантирана со закон. Донесувањето на Законот за правична и соодветна застапеност останува наша клучна заложба. Апсурдно е да се повикувате на Охридскиот договор, а да го блокирате неговото унапредување. Одговорноста за заокружување на овој процес ја носат сите парламентарни партии што се изјаснуваат за поддршка на Охридскиот договор, се вели во соопштението.

    Оттаму велат дека докажале оти и без алатката „Балансер“ со ВРЕДИ вратите за Албанците во јавниот сектор се широко отворени. 

    -Остануваме посветени и на донесувањето на предложениот закон за трансформација во редовен работен однос, со кој лицата што ги исполнуваат условите ќе добијат вработување на неопределено време. И покрај блокадите на Законот за правична и соодветна застапеност од опозицијата, ние и без алатката „Балансер“ докажуваме дека со ВЛЕН вратите за Албанците во јавната служба се широко отворени. Работното место не смее да биде средство за политички уцени. Децентрализацијата, како еден од столбовите на Охридскиот договор, останува наш приоритет. Општините со мнозинско албанско население веќе ја чувствуваат финансиската поддршка преку проекти и инвестиции, без оглед на тоа која политичка партија ги раководи, велат оттаму.

    ВРЕДИ уверува дека владиното партнерство е стабилно и покрај тоа што тие на предвремените локални избори во Брвеница го поддржаа кандидатот на НАИ (ДУИ), Аркин Јахији.

    -Владиното партнерство е стабилно. ВЛЕН останува посветен на исполнување на програмските приоритети ветени пред граѓаните. Во таа насока сметаме дека целокупната ефикасност на актуелната Влада треба да се цени во полн мандат.Новиот извештај на Европската комисија го оценуваме како реален и објективен приказ на напредокот и предизвиците што остануваат. Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и одговорност кон граѓаните. Претставниците на ВЛЕН во Владата, Собранието и локалната власт ќе продолжат да работат на остварувањето на сите зацртани приоритети, велат од ВРЕДИ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

    10.11.2026 во 20:22

    Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

    10.11.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.