Close Menu
Press24
    Најново

    На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година

    10.11.2026 во 23:34

    ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор

    10.11.2026 во 22:47

    Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен камион е можната причина, возачи застанувале од спроти за да снимаат

    10.11.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година
    • ВРЕДИ: Владиното партнерство е стабилно, усвојувањето на предлогот за правосуден е историски исчекор
    • Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен камион е можната причина, возачи застанувале од спроти за да снимаат
    • Мицкоски на манифестацијата „ТОП 100“: Успехот на секоја компанија е успех на целата држава
    • Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна
    • Зеленски ја повика Европа да избере претставник за преговорите со Русија и САД
    • ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи
    • Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година

    На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година

    10.11.2026 во 23:342 Mins Read
    ФОТО: Magnific
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро. Пилот проектот за тестирање на неговата техничка функционалност, оперативни процеси и корисничко искуство би требало да почне во втората половина на 2027 година. Ова денеска го изјави членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Пјеро Чиполоне.

    Обраќајќи му се на Одборот за економски и монетарни политики на Европскиот парламент, Чиполоне кажа дека брзото завршување на преговорите меѓу Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија би овозможило усвојување законодавен пакет за единствената валута до крајот на оваа година.

    Усвојувањето на правната рамка, според него, е неопходно за да може ЕЦБ да ги заврши подготовките за дигиталното евро и да му обезбеди извесност на пазарот во поглед на можниот датум за неговото прво издавање.

    Евентуалното одложување на усвојувањето на прописите, според Чиполоне, би можело да го помести воведувањето на дигиталното евро, а со тоа и дополнително да ја зацврсти зависноста на Европа од странски даватели на платежни услуги.

    Пилот-проектот ќе користи пробна верзија на дигиталното евро која нема да има статус на законско средство за плаќање, а во него ќе учествуваат вработени во Евросистемот, избрани даватели на платежни услуги и трговци кои ќе овозможат тестирање на секојдневните плаќања вклучувајќи купување во продавниците и мензите на ЕЦБ и националните централни банки.

    ЕЦБ за учество во пилот-проектот веќе избра 36 даватели на платежни услуги, меѓу кои се банки и небанкарски компании, од повеќе од 50 пријавени кандидати. Изборот на интернет и мобилни трговци, кои ќе ги тестираат плаќањата на далечина, ќе биде објавен на почетокот на следната година.

    Чиполоне наведе дека ЕЦБ планира сите релевантни функционалности на дигиталното евро да бидат технички достапни од неговото прво издавање, но дека постепеното воведување во продавниците би им овозможило на учесниците на пазарот доволно време за приспособување.

    Прочитај повеќе

    Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен камион е можната причина, возачи застанувале од спроти за да снимаат

    10.11.2026 во 22:35

    Рубио: Економскиот притисок врз Иран дава резултати, воена акција не е неопходна

    10.11.2026 во 21:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.