- Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?
- Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг
- Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата
- БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години
- Иран: Околу 30 бродови поминаа низ Ормускиот теснец во текот на ноќта
- Црн биланс во Либан: 22 загинати во масовните израелски воздушни напади
- Рубио од Пекинг: Политиката на САД кон Тајван е непроменета
- Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
Author: Author 04
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски информираше дека на покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, денеска учествувал на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5). „Ја истакнав значајната улога на САД и поддршката што ја даваат за оваа регионална иницијатива повеќе од две децении, нагласувајќи дека нејзиното продолжување е од клучно значење за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот“, истакнал Муцунски. Муцунски исто така, посочил дека е неопходно постојано да се одговара на предизвиците и заеднички да се наоѓаат најефикасните решенија, каде повикал на засилена…
Вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Во Штип и Свети Николе вчера гореле лозови насади и помошни простории. Пожарите се изгаснати од пожарникарите на Територијалните Противпожарни единици на Штип и Свети Николе. Во билтенот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип се вели дека вчера во 10.31 часот во ОВР Свети Николе, 40 годишен Н.Т.од Свети Николе пријавил дека околу 10.00 часот во дворот од семејната куќа запалила смет, при што огнот се проширил на соседната парцела и биле опожарени лозов насад, дел од кровна конструкција од помошен објект и насади со дрва, сопственост на Ѓ.Ѓ.. -Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети…
Вчера околу 18:10 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп, стои во денешниот полициски билтен. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери.…
На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде пожарот има зафатено шума и во општина Долнени, село Ропотово, каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, под контрола се пожарите во општина Гевгелија, Кожуф планина каде…
Централниот регистар одбележа 24 години постоење. Минстерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето истакна дека Централниот регистар претставува столб на економската и правната инфраструктура и е клучна алка во креирањето поволна деловна клима, унапредување на транспарентноста и заштитата на правата на правните и физичките лица.„Вмрежувањето и заедничкото градење на институционални капацитети се клуч за силно и активно граѓанско општество. За да изградиме функционална пазарна економија што се темели на знаење, иновации и одржлив развој, мора да имаме силни институции и здрава деловна клима. Токму затоа, соработката со Централниот регистар е од суштинско значење„ потенцира министерката Димититриеска-Кочоска.Таа наведе дека во изминатиот период…
Утрово во 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ј.Ј.(19) од Скопје, а од пожарот било оштетено и друго паркирано патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П.(46) од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера да вознемири или заплаши сопственик на сервис за продажба и поправка на возила од кого купил половно возило, за кое добил гаранција дека е во исправна состојба, но кратко време по продажбата при управување настанал дефект, му упатил…
