Author: Author 04

Вчера околу 10:50 часот во с. Кучевиште, скопско, по преземени оперативно тактички мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа П.С.(57) од с. Кучевиште, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд Скопје за казна затвор од пет години. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Повеќе

Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во Подгорица учествуваше на министерска конференција „Капацитети на јавните администрации за интеграција во ЕУ“, организирана од Европската комисија со поддршка на СИГМА. На настанот учество земаа министри и претставници од земјите на Западен Балкан, Молдавија и Ерменија, како и од регионалните и меѓународните организации како ReSPA, RCC, OECD, WeBER и SIGMA. Во своето излагање во рамки на првиот дел на конференцијата, министерот Минчев изјави дека силата на јавната администрација не се одразува во бројки, туку во нејзиниот квалитет и капацитет да испорачува резултати, односно таа треба да биде двигател на реформите, гарант на…

Повеќе

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Северна Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан. -Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер на Народна банка ќе го потпишам писмото на намери и со тоа влегуваме заедно со петте земји што се подготвуваат од наредната година овој систем да биде целосно оперативен, истакна Славески. Тој нагласи дека ова е уште еден чекор до интеграција во системите за плаќање…

Повеќе

Денеска (24.09.2025) во 14:30 часот, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи вонредна прес-конференција за медиуми при што ќе се обрати Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на судиите и обвинителите за ставот дека нивните плати не се заслужени и обвинувањата од опозицијата за блокирање процесот на реформската агенда во правосудството, изјави: „Благодарам на прашањето, суштинско. Важно прашање за иднината на државата и владеењето на право. Одговорот ќе го поделам во два дела. Првиот дел е следен. Сега веќе на цела македонска јавност и стана дека, не зборуваме за суштински реформи во Судството и Обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите, со цел зголемување на платите. Тоа е реформата,…

Повеќе

Раководството на сметководственото биро Левица го покажа вистинското лице, над 2 милиони денари ставиле во сопствениот џеб, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои како главни ликови од Левица, додека продаваат некаква скромност и неподмитливост во јавноста, си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, рече Манасиевски. „Президиумот на Левица, односно луѓето кои се пратеници во македонското собрание, водат кампања против своите колеги за добивање законски средства на патни трошоци, а истите од својата партија си повлекуваат слични суми кои се налик на патни трошоци, во вредност над…

Повеќе

Дупка длабока 50 метри се отвори утрово пред болницата Ваџира во центарот на Бангкок, а автомобили и електрични столбови се урнаа при уривањето. Појавата на кратерот во земјата, кој е поврзан со изградбата на блиската метро станица, беше придружена со пукање на цевки од кои излегуваа млазови вода, додека паднати електрични столбови и кабли исфрлаа електрични искри, објавува Ројтерс. Пациентите и жителите на блиските станови беа евакуирани кога дупката, широка околу 30 квадратни метри и длабока 50 метри, се појави пред јавната болница. Болницата објави дека нема да прима пациенти до понатамошно известување. Возачот на овој автомобил имал среќа кога…

Повеќе

Вчера во 09:20 часот во СВР Тетово од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотелска соба во Тетово има починато лице. -Било констатирано дека се работи за Т.М. (77) од с.Челопек, со место на живеење во САД, кој престојувал во хотелот од 17.09.2025 година, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Увид на лице место во присуство на јавен обвинител, извршиле полициски службеници од СВР Тетово и по наредба од јавен обвинител телото на починатиот е предадено насудска медицина за обдукција.

Повеќе

На 19 октомври Орце Ѓорѓиевски ќе биде избран за градоначалник на Град Скопје и првите 72 часа Скопје ќе има генералка од сметот кој што ќе го остават овие што ќе заминат, а потоа следи одговорност. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Беровски“, во Општина Ѓорче Петров. На прашањето дали чуствува одговорност за неподигањето на сметот во Скопје од страна на Комунална хигиена и дека градоначалничката Данела Арсовска беше поддржана…

Повеќе