- Мицкоски и Ѓорѓиевски на традиционалната средба со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во „Пеленица“
- ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ која ги манипулира младите за лични интереси
- ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Мастеф“ во периодот 2018-2021 била најомилена на градоначалниците на СДСМ
- Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“ за утре
- Утре посебен сообраќаен режим во Центар и на Водно
- Фрчкоски: Нова омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ добила 93 тендери вредни над 18,3 милиони евра
- Кремљ потврди: Владимир Путин на 19 и 20 мај во официјална посета на Кина
- Ѓорѓиевски: По 30 години, булеварот „Борис Трајковски“ станува реалност, работите ќе завршат пред рокот
Author: Author 04
Вчера во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје починал К.К.(38) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?, праша на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека по информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ. -Ангажманот на сопругата на Исмаил како таков не е проблематичен, туку е контрадикторен со ставовите на Левица, бидејќи тие се против договорите со Грција и Бугарија, а таа била дел од преговорите во тимот…
Жител на неготинско Долни Дисан бил приведен поради сомнение за одземање пари од такси возила, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 16 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода З.К., 31-годишник од село Долни Дисан, неготинско, поради основано сомнение дека во два наврати одзел пари од такси возила во кои се превезувал, појаснија од СВР – Велес. Додадоа дека тој бил приведен во полициска станица, а дел од парите биле пронајдени и одземени. – По документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од СВР…
На покана на Државниот секретар на САД, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, присуствуваше на традиционалната Трансатлантска вечера. На настанот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и Европската Унија, при што беше реафирмирана заедничката определба за мир, стабилност и просперитет. „Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме активно да придонесуваме за регионалната, европската и глобалната безбедност. Нашата посветеност на овие цели останува јасна и недвосмислена,“ истакна министерот Муцунски во својата…
40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалоци и разна друга стока е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка, соопшти Царинската Управа. „Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови кои при контроли извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата открија и спречија повеќе прекршочни дела: Во други случаи царински службеници на граничните премини Дојран и Табановце, открија прекршочни дела при што запленети се употребувана пумпа, 35 литри алкохолни…
Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на денешната. Во Скопје, од утре до понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови…
Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал. А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино. Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Патот Гевгелија – Богданци е затворен за сообраќај, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Претходно Ангелов информираше дека претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. „ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, истакна Ангелов.
(ФОТО) Цистерна со нафта се преврте кај Гевгелија, избувна пожар, истекувањето на нафтата продолжува
Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата; соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, истакна Ангелов.
Повеќе од 30.000 земјотреси, вклучувајќи некои посилни од 5 степени, го погодија грчкиот остров Санторини и неговата околина оваа зима. Сеизмичката криза заврши по околу еден месец без катастрофа, а научниците веруваат дека конечно знаат зошто се случила на прво место. Анализите на сеизмичката активност од јуни 2024 до февруари 2025 година, заедно со промените во надморската височина на површината на островот, сугерираат дека истиот извор на магма што го храни вулканот Санторини може да го снабдува и подводниот вулкан Колумбо, на само 7 километри оддалеченост, пишуваат истражувачите во студија објавена во списанието Nature, објави Science News. Сложените споделени системи…
