Close Menu
Press24
    Најново

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47

    Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин

    29.10.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители

    Четворица насилници приведени во еден ден – напаѓале сопруги и се заканувале на родители

    17.03.2026 во 16:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера четири лица биле лишени од слобода поради семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово.

    Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за сите четири случаи.

    Синоќа во 22:20 часoт во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна вонбрачна 35-годишна партнерка дека ѝ упатувал закани.

    Синоќа во 20:30 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал.

    Исто така синоќа во 20:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.М.(25) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

    Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(45) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот татко.

    „Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.

    Прочитај повеќе

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47

    Физички нападнат скопјанец во Карпош: Напаѓачот му удирал по возилото, па го нападнал на пешачки премин

    29.10.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.