- Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
- Тошковски: Сигурен сум дека Мицкоски никогаш не би влегувал во незаконски комункации
- Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок
- Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
- И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут
- Трагедија во Киев: Најмалку седум загинати и 20 исчезнати по масовниот руски напад
- Фон дер Лајен: Русија не бара мир, туку капитулација на Украина
- Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
Author: Author 04
Во пералната на Клинички центар „Мајка Тереза“ бев пред месец ипол, два. Им се извинив на сите 11 вработени во пералната. Дефинитивно ако влезете таму се враќате минимум 50 години назад и инфраструктурно и со опрема внатре и технологија. Во моментов и да сакаме да инвестираме во неа нема да можеме. Имаме јавно приватно партнерство со една приватна компанија од 2019 година. Оттогаш досега компанијата инвестирала во една јавна здравствена установа во делот од таа инфраструктура за стерилизација и земена е под менаџирање пералната во Клиничкиот центар, истакна министерот за здравство Азир Алиу. Појасни дека од Државниот санитарен и здравствен…
Хрватската полиција објави дека денес околу 18 часот во општина Гарчин се случила пукотница, во која едно лице е убиено. И покрај укажаната помош, повредениот починал од раните. Убиецот е во бегство, според хрватските медиуми. Локалните медиуми јавуваат дека злосторството се случило во селото Шушњевци, во општина Буковље, во близина на Славонски Брод. Според информациите од порталот Плус, сторителот, кој веќе ѝ е познат на полицијата, сè уште е во бегство. Мештаните велат дека жртвата и осомничениот го поминале целиот ден дружејќи се на пикник-зоната Љешкове Воде, а потоа тој го пресретнал и го убил на патот. Полицијата го истражува…
Во оваа фаза е битен скринингот на пулмолози за жителите на Трубарево, но овој процес нема да застане тука, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу. -После хаваријата имавме и хоспитализирани и третирани граѓани од Брза помош кои живеат во тој радиус каде што се случи пожарот. Оттогаш досега немаме хоспитализирани пациенти, но затоа за да превенираме секаков вид на здравствени заболувања од утре почнуваме дводневна скрининг програма за сите жители на Трубарево и околината. Ќе одат два тима на лекари со медицински амбулантски возила и на лице место ќе направат скрининг на здравствената состојба на нашите граѓани, рече Алиу…
Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа над 10 тони отпад(50м3) кои завршија во „Дрисла“.„Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински службисе на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши овааработа, е неажурно и немо. Доста е!Граѓаните плаќаат за чиста и уредна средина, а не за депонии и ѓубришта. Никој немаправо да го загрозува нашето здравје и иднината на нашите деца.Од утре продолжуваме уште поинтензивно.Ако нема веднаш реакција од ЈП „Комунална хигиена“, како градоначалник ќе поднесамкривична пријава за загрозување на животната средина согласно член 218 од Кривичниотзаконик, и секојдневно ќе…
Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово, претходно еден ден било третирано во приватна здравствена установа. Ова вечерва го истакна министерот за здравство Азиу Алиу. -Ние баравме од Државниот санитарен инспекторат да оди таму, и веќе имаме резултати оттаму, наодот ни е доставен официјално. Утре ќе имаме наша експертска група што ќе ги види од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес, рече Алиу во вечерашната Топ Тема. Алиу појасни дека според патоказот за лекување, седумгодишното девојче се лекувало во рамките на прописите, но сепак се потребни уште проверки. Посочи дека дополнително се уште се чекаат резултатите…
Сиљановска Давкова: Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе
Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова, обраќајќи се на Годишниот самит на Конкордија, што се одржува денеска во Њујорк. Како што јави известувачот на МИА, таа рече дека ЕУ, како регионално, европско олицетворение на мултилатерализмот, има обврска непристрасно и конзистентно да го брани мултилатерализмот. – Европската унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако…
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Атина, каде ќе оствари работни средби со високи претставници на Владата на Грција. Во рамки на посетата, планирана е средба со вицепремиерот Костис Катзидакис, министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис. Исто така предвидена е средба и со менаџментот на пристаништето Пиреа. Како што информираат од Министерството за транспорт, на средбите предвидено е да се разговара за економската соработка меѓу двете земји, како и за подобро регионално поврзување. Ќе…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште, истакна Мицкоски. „Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината. Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме. Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште“, нагласи Мицкоски!
Денеска околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки затоа што кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на изминатата недела, во десетина различни случаи лишија од слобода вкупно 40 лица, како и двајца малолетници, кај кои што при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети марихуана и бела грутчеста и прашкаста материја. Исто така, врз основ на извршени претреси по претходно добиени Судски наредби во текот на минатата седмица, во четири одвоени случаи покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, стебла од канабис сатива, семки од канабис,…
