Author: Author 04

Вчера околу 18:10 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп, стои во денешниот полициски билтен.  Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Повеќе

Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери.…

Повеќе

На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде пожарот има зафатено шума и во општина Долнени, село Ропотово, каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, под контрола се пожарите во општина Гевгелија, Кожуф планина каде…

Повеќе

Централниот регистар одбележа 24 години постоење. Минстерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето истакна дека Централниот регистар претставува столб на економската и правната инфраструктура и е клучна алка во креирањето поволна деловна клима, унапредување на транспарентноста и заштитата на правата на правните и физичките лица.„Вмрежувањето и заедничкото градење на институционални капацитети се клуч за силно и активно граѓанско општество. За да изградиме функционална пазарна економија што се темели на знаење, иновации и одржлив развој, мора да имаме силни институции и здрава деловна клима. Токму затоа, соработката со Централниот регистар е од суштинско значење„ потенцира министерката Димититриеска-Кочоска.Таа наведе дека во изминатиот период…

Повеќе

Утрово во 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на паркирано патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ј.Ј.(19) од Скопје, а од пожарот било оштетено и друго паркирано патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П.(46) од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера да вознемири или заплаши сопственик на сервис за продажба и поправка на возила од кого купил половно возило, за кое добил гаранција дека е во исправна состојба, но кратко време по продажбата при управување настанал дефект, му упатил…

Повеќе

Вчера околу 10:50 часот во с. Кучевиште, скопско, по преземени оперативно тактички мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа П.С.(57) од с. Кучевиште, кој бил баран со потерница по наредба од Основен суд Скопје за казна затвор од пет години. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Повеќе

Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во Подгорица учествуваше на министерска конференција „Капацитети на јавните администрации за интеграција во ЕУ“, организирана од Европската комисија со поддршка на СИГМА. На настанот учество земаа министри и претставници од земјите на Западен Балкан, Молдавија и Ерменија, како и од регионалните и меѓународните организации како ReSPA, RCC, OECD, WeBER и SIGMA. Во своето излагање во рамки на првиот дел на конференцијата, министерот Минчев изјави дека силата на јавната администрација не се одразува во бројки, туку во нејзиниот квалитет и капацитет да испорачува резултати, односно таа треба да биде двигател на реформите, гарант на…

Повеќе