- „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ
- УЈП во голема акција: Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата
- Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники
- Гостиварец заработи кривична – следел и вознемирувал малолетничка преку мобилна апликација
- Рачна бомба пронајдена во двор во Гази Баба
- Ужас на детско игралиште во Скопје: Куче со сопственик нападна седумгодишно девојче
- Гореше куќа во скопско Инџиково – сопственикот тешко повреден
- Пожар среде ноќ во Скопје: Гореше кров на ресторан на „Втора македонска бригада“
Author: Author 04
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, ќе има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што јави известувачот на МИА, средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН, на кое обраќање ќе има во текот на утрешниот ден. По средбата со Гутереш, Сиљановска – Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе присуствува на ручекот што за лидерите од Западен Балкан го организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Според агендата, таа ќе…
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. „За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден. Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери. Без вистински реформи во судството и независни…
Општина Центар веќе подолго време се соочува со хаос во хигиената поради неработењето на ЈП „Комунална хигиена“ кое е под надлежност на Град Скопје. Илјадници граѓани секојдневно сведочат на преполни контејнери и нечисти улици, иако одржувањето на јавната чистота е законска обврска на градските институции. Во вакви услови, Општина Центар со сопствени капацитети и преку локалното јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ веќе со денови интервенира и ја презема работата што други ја запоставиле – собирање смет, миење и чистење на улиците. Вчера, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски, потпишаа договор за…
Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…
Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од…
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа (23.09.2025) го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце. Оваа одлука, како што изјави Меџити, е резултат на континуираната загриженост на жителите и анализите спроведени од надлежните институции за негативното влијание што би го имала ваквата активност, особено во услови на поплави, но и врз здравјето и животот…
Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре – 24 и 25 септември, информираа вчера во видео изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски. – Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо…
Вечерва во општина Буковље, во близина на Славонски Брод, се случи убиство. Полициската управа Бродско-Посавина го објави ова околу 18 часот, по пријава за пукање и ранување на маж. Полицијата Бродско-Посавина соопшти дека повредениот починал од повредите кратко време по ранувањето. Полицијата потврди дека вечерва, по 23 часот дека уапсила лице осомничено за убиството. Против уапсеното лице се води кривична истрага. Според постапката, прво ќе биде подложен на болнички третман и ќе му бидат земени примероци од крв и урина, а штом дежурниот истражен судија ќе издаде потребни налози за претрес, полицијата ќе ги претресе сите згради, простории и возила…
Многу студен фронт ја погоди северна и западна Европа, а многу студена воздушна маса се спушти кон Алпите. Во исто време, грмотевици доаѓаат од Медитеранот, со обилни и поројни дождови. Тековни температури на воздухот во Европа Денес, и повторно вечерва, северните делови на Италија и јужните делови на Швајцарија се под напад на силни грмотевици. Во исто време, целиот алпски регион е погоден од обилни дождови, со вистинско есенско време и температури околу 10 степени. За жал, обилни дождови и силни бури доведоа до катастрофални поплави и порои во подножјето на јужните Алпи во северна Италија кои однесоа сè на…
