Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните

    Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните

    13.03.2026 во 15:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Состојбата сега и за време на енергетската криза е многу различна и не може да се споредува, иако Владата будно ја следи состојбата, многу внимателно и кога прави предлози ги прави врз основа на податоци кои се веродостојни и реални, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

    „Многу внимаваме и ја следиме будно состојбата и кога ги правиме и предлозите ги правиме врз основа на податоците коишто се веродостојни и реални. Тогаш состојбите беа многу поразлични од денес. Во тој период имавте инфлација којашто беше многу повисока во однос на инфлацијата којашто ја имаме денес. Вкупната инфлација за 2022 година била 14,2%, растот на платите тогаш бил 10,9% и реалниот раст на платите бил во суштина во минус, односно инфлацијата го подјадувала домашниот буџет. Или конкретно за тој месец кога ги воведоа мерките и кога ние зборувавме тогаш ние имаме ситуација на номинален раст на платите  10% но реален е 1,2%, односно инфлацијата во тој период во тој месец е 8,8%. Меѓутоа во инфлацијата ние не можеме да ги гледаме сите бројки. Најважна ни е пред се храната. Тоа е она за што сите се зборуваме, во тој момент растот на храната бил 11,4%. Значи повисок во однос на растот на платите“, рече министерката.

    Таа додаде дека денес имаме друга ситуација и состојби во која имаме вистински реален раст на платите во однос на инфлацијата и растот на храната е понизок како трошок во однос на тоа како растат платите. Во 2022 година инфлацијата на храна била 21% како просечна, а сега инфлација на храна во јануари е 5,2%.

    Повтори дека состојбите се следат будно, на дневна основа во рамки на институциите и дека врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Посочи дека има законско решение што е во моментот на сила и дека доколку има потреба ќе се менува, но напомена, дека промената многу често е поврзана и со други законски решенија.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.