- Клековски: ФЗО работи на техничко решение за исплатата на породилните боледувања
- Историски рекорд: Концертот на Дејвид Гета официјално распродаден – продадени 50.000 влезници за помалку од 12 часа
- Филков: Измените на Законот за судовите ќе донесат реален напредок, а не само формални реформи
- Драма на небото: Авион од Хургада итно слетува во Белград, екипажот пријавил чад во кабината
- Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија
- Филмско апсење во Центар: Уценувал 61-годишен скопјанец за 8.000 евра, па паднал во стапица
- Тошковски за двајцата Македонци кои ги бара ФБИ: МВР ќе постапи во согласност со своите надлежности
- Син тепал мајка, партнери се пресметувале со тврди предмети, брат се заканувал на сестра: Осум случаи на семејно насилство за едно деноноќие
Author: Author 04
Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите не покажале знаци за натамошен третман, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни. Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење,… да се пријават уште вечерва за скрининг. -Скрингот проодлжува и утре од 10 – 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени. УХМР информира дека од петок до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно…
Северна Македонија се обврза да го промени својот устав. таму има локални избори наскоро и веројатно нема да бидат порано, но очекуваме да се случи што е можно поскоро, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ). РСЕ од Кос побараа коментар за тоа дека Владата на Северна Македонија тврди дека нема да ги прифати уставните амандмани без гаранции од Бугарија и прашаа дали имало некои неодамнешни случувања во комуникацијата со двете земји и какви се ризиците од продолжен застој за Северна Македонија во евроинтеграциите. – Северна Македонија е посветена на промена на…
Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски. Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини. – Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше…
Големи количини на органски отпад завршуваат на депониите. Има бројни примери во Европа што се фокусираат на иновативни решенија во градовите, коишто придонесуваат за преработка на биоотпад во производи со висока додадена вредност.Околу 225 милиони тони цврст комунален отпад (ЦКО) се собрани во 2020 година во Европа (505 кг по глава на жител). Во ЕУ 50% од него се отстранува (27% за добивање енергија од отпад во постројки за согорување и 23% се депонираат), 48% се искористува (30% во постапки за рециклирање и 18% при селективно собирање за добивање компост), додека 2 % неконтролирано се губи (отстранува). Имајќи го вo…
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова, како што информира Кабинетот на Николоски, е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти.-На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете влади…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска го прими во посета Матео Мекачи, шефот на Мисијата на ОДИХР за набљудување на локалните избори, со кого, како што информираат од ЈОРСМ, детално разговарале за сите надлежности на обвинителството во постапките по евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес. Коцевски, се вели во соопштението, го информирал Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски информираше дека на покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, денеска учествувал на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5). „Ја истакнав значајната улога на САД и поддршката што ја даваат за оваа регионална иницијатива повеќе од две децении, нагласувајќи дека нејзиното продолжување е од клучно значење за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот“, истакнал Муцунски. Муцунски исто така, посочил дека е неопходно постојано да се одговара на предизвиците и заеднички да се наоѓаат најефикасните решенија, каде повикал на засилена…
Вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Во Штип и Свети Николе вчера гореле лозови насади и помошни простории. Пожарите се изгаснати од пожарникарите на Територијалните Противпожарни единици на Штип и Свети Николе. Во билтенот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип се вели дека вчера во 10.31 часот во ОВР Свети Николе, 40 годишен Н.Т.од Свети Николе пријавил дека околу 10.00 часот во дворот од семејната куќа запалила смет, при што огнот се проширил на соседната парцела и биле опожарени лозов насад, дел од кровна конструкција од помошен објект и насади со дрва, сопственост на Ѓ.Ѓ.. -Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети…
