Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај на хаосот кај Клинички: Скопје добива нов кружен тек кај НБРМ и две катни гаражи со 500 места

    Крај на хаосот кај Клинички: Скопје добива нов кружен тек кај НБРМ и две катни гаражи со 500 места

    12.03.2026 во 12:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Посветено за Скопје – нов кружен тек кај НБРМ и две монтажни катни гаражи, соопшти Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Денес, на седницата на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, средства што директно ги враќаме кај граѓаните преку нови капитални инвестиции за нашиот град, истакна Ѓорѓиевски.

    „Особено е важно што ова зголемување не е резултат на нови задолжувања, како што тоа често било пракса во минатото.

    Напротив, ова е пример како со домаќинско и одговорно работење, со дисциплина и посветеност, се создава простор за повеќе инвестиции и повеќе проекти кои директно го подобруваат животот на скопјани.

    Со овој ребаланс започнуваме со изградба на нов кружен тек кај Народна банка на Република Македонија – ново сообраќајно решение кое ќе донесе ред и проточност на едно од најоптоварените сообраќајни места во градот и ќе го намали секојдневниот метеж со кој се соочуваат илјадници граѓани.

    Истовремено започнуваме и со изградба на две нови монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар „Мајка Тереза“, посочи Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот рече дека со капацитет од околу 500 паркинг места и инвестиција вредна околу 3 милиони евра, конечно се става крај на долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс кој што со години создаваше нервоза, неизвесност и непотребен стрес за пациентите и нивните семејства.

    „Ова е олеснување за луѓето кои доаѓаат по здравје, за здравствените работници кои секојдневно се борат за животите на пациентите, но и за студентите по медицина, нашите идни лекари кои токму тука ја градат својата професионална иднина.

    Особено е важно што Град Скопје ќе биде институцијата која ќе ги проектира, ќе ги изведува и ќе управува со овие гаражи.

    Тоа значи дека граѓаните ќе бидат заштитени од дополнителни поскапувања на цените за паркинг, нешто што често се случува кога вакви капацитети се препуштаат на приватни компании.

    Со овој ребаланс вложуваме и во образованието, затоа што иднината на Скопје почнува токму во училишните клупи.

    Инвестираме во топлотни пумпи, со што повеќе нема да има училиште во рамки на Град Скопје кое ќе се грее на нафта.

    Тоа е голем чекор напред кон почист воздух и поздрава животна средина за нашите деца.

    Дополнително поставуваме фотоволтаици, вложуваме во санација на училишните дворови и поставување нова урбана опрема, создавајќи подобри, побезбедни и помодерни услови за младите генерации.

    Почитувани скопјани,

    кај мене зборот е збор.

    Нема импровизации, нема празни ветувања и големи флоскули.

    Има работа и само работа.

    Тоа е единствениот пат по кој се гради град.

    Верувам дека пред Скопје е убава иднина.

    Иднина во која сите ќе живееме подобро, во град кој ќе биде модерен, достоинствен и горд, град кој ќе биде дом по мерка на сите нас.

    Продолжуваме уште посилно, уште поодлучно и со уште поголема љубов кон Скопје“, потенцираше Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.