Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Нападот врз лекар е кривично дело за кое се оди во затвор

    Алиу: Нападот врз лекар е кривично дело за кое се оди во затвор

    12.03.2026 во 13:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници.

    -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. Изминатиот период, Лекарската комора има спроведено повеќе истражувања на оваа тема и податоците покажуваат дека дел од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а поголем број биле изложени на вербално насилство. За нас како Министерство е важно што успешно се имплементираат измените на Кривичниот законик, со кои насилството врз здравствен работник при вршење професионални работни задачи се смета за насилство кон службено лице и претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор, потенцираше министерот Алиу.

    Тој истакна дека посебно е значајна улогата на Лекарската комора, која активно го следи постапувањето на надлежните институции и предлага мерки и политики за сузбивање на насилството во здравството, а воедно потсети дека какво било насилство врз здравствен работник треба веднаш да се пријави, затоа што станува збор за кривично дело.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.