Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож

    09.06.2026 во 23:05

    Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови

    09.06.2026 во 22:55

    Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер

    09.06.2026 во 22:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
    • Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер
    • Огромен скандал во Црна Гора: Уапсен маж кој го отстранил државното знаме и се заканувал со смрт
    • Голема полициска акција во БиХ: Уапсени 13 лица, запленет цел арсенал оружје и експлозиви
    • Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи

    Полицијата не простува: „Паднаа“ осуммина возачи за безобѕирно возење – од крадци до пијани трактористи

    18.03.2026 во 15:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатото деноноќие, лишени од слобода биле осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив еден без дозвола управувал возило кое претходно го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото.

    Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол.

    Две лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во битолско, Гостивар и Струмица. Лицето во Струмица без дозвола управувало возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци. Возач во Македонска Каменица управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. Додека, по еден возач во Скопје и во Кичево управувале возило со активна забрана.

    Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

    „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана

    09.06.2026 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.