- Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши
- Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка
- Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
- Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
- Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
- Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
- Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“
- ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
Author: Author 04
Вчера во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(34) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Најмалку 69 луѓе загинаа откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди централниот дел на Филипини. Епицентарот на плиткиот земјотрес бил во близина на градот Бого во покраината Себу, каде што болниците се преполни, изјавија од цивилната заштита. Еден функционер изјави дека има најмалку 150 повредени. Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос, кажа дека државата брзо ќе реагира за да им помогне на настраданите. Себу, една од најпопуларните туристички дестинации во Филипини, има околу 3,4 милиони жители. И покрај штетата, прометниот меѓународен аеродром „Мактан-Себу“ продолжил со работа. Состојба на катастрофа е прогласена во Сан Ремигио, уште еден…
Цените на нафтата паднаа, при што суровата нафта Брент падна на 67 долари за барел, а американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар (WTI) падна на околу 63 долари за барел, бидејќи трговците ги одмеруваа изгледите за поголема глобална понуда и потенцијалот за прекин на огнот во Газа Извештаите сугерираат дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) плус би можела да одобри дополнително зголемување на производството од 137.000 барели дневно (bpd) во ноември на состанокот во недела, објави Trading Economics. Дополнително, извозот на нафта од Ирачки Курдистан продолжи во саботата преку цевководот Ирак-Турција, по привремениот договор со кој се…
Денеска во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со ул.„Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и бул.„Илинден“ во двете насоки на движење на потегот од крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои…
Од денес, среда 1 октомври, во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година). Од таму велат дека по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени. „Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право…
Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Студио 10 на телевизија 24. Митески зборуваше на темата за загадувањето при што истакна дека е еден комплексен проблем. Како што вели тој, ВМРО-ДПМНЕ има изработено програма со цел да се реши проблемот со загадувањето, меѓутоа, кога станува збор за депонијата Вардариште, потребна ќе биде и поддршката од Град Скопје, за да се реши проблемот со истата. Во делот на чистотата, Митески истакна дека во план е да се зајакнат и инспекциските служби околу ова прашање. ,,Претпоставувам дека сме единствената политичка партија која што има програма…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез кој ќе биде целосно имплементиран до април идната година. Системот треба да го замени класичното ставање на печати во пасошите со електронска евиденција на биометриските податоци заедно со точните времиња на влез и излез. Системот се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат без виза за краток престој до 90 дена во 6 месеци. Тоа значи дека секој што ќе влезе во некоја од земјите…
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера ја посети општина Гази Баба, каде оствари средба со граѓаните. Разговорите беа насочени кон секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите пред сè, алармантната состојба со дивите депонии, еколошките закани и целосната институционална негрижа. „Жителите на Гази Баба со години живеат опкружени со ѓубре, неплански депонии и токсични пожари. Тоа не е судбина, тоа е резултат на неспособна и незаинтересирана власт. Вардариште е само најгласниот симбол на оваа четиригодишна рамнодушност на ВМРО-ДПМНЕ кон животната средина и здравјето на граѓаните,“ изјави Шукова. Веќе четири години, над 150.000 скопјани живеат во сенката на…
Полицијата синоќа доби пријави за дронови кои се приближиле до аеродромот Бронојсунд во Норвешка за да можат да бидат забележани од контролорите на летање, објави локалниот весник „Brenejsunds avis“. Првиот извештај пристигна синоќа во 20:17 часот, а вториот инцидент беше пријавен околу 21:50 часот, објави норвешкиот NRK. Полицијата ја пребара областа, но не можеше да ги пронајде пилотите на беспилотните летала. Во неделата беа пријавени и дронови над аеродромот, што предизвика пренасочување на летот „Видер“. Портпаролката на „Авинор“, Каролина Персен, изјави за НРК дека авионот на последниот лет слета како што беше планирано, дека аеродромот бил затворен синоќа и дека…
Утрово, на социјалните мрежи се шират слики од планински врвови кои го покажуваат првиот снег што паѓа во Србија, како и во регионот. Оваа слика е од Голија, каде што може да се види обилна лапавица, додека снег паѓа и на Копаоник. Што се однесува до регионот, снег падна на падините на Бјелашница во Босна и Херцеговина. За потсетување, РХМЗ предупредува дека снежна покривка ќе се формира во ридските и планинските области на јужна и источна Србија во четврток и петок. Во планинските области се очекува да наврнат помеѓу 25 и 50 см снег во период од 48 часа. Поради…
