Ученици од основните училишта денеска ќе имаат можност да учествуваат на едукативен настан во Собранието, насловен „Новинарство во акција – учиме за демократија“.
На отворањето се очекува да се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и претставник на Амбасадата на Швајцарија.
Во рамки на програмата ќе бидат претставени ученички проекти изработени во три образовни установи: МААРИФ Меѓународно училиште – Скопје, ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ од Скопје.
Настанот е посветен на запознавање на најмладите со улогата на новинарството во демократското општество.

