Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска, 4 ноември 2026 година (среда), ќе има во неколку делови од Скопје, информираат од ЕВН Македонија.
Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе останат жителите на улиците „Никола Киров-Мајски“ и „Благоја Стефковски“ во населбата Маџари, Општина Гази Баба, поради интервенција во трафостаницата Маџари 19.
Прекин на електричната енергија од 09:00 до 10:00 часот е најавен и за потрошувачите во близина на џамијата, како и на улиците 1, 3 и 5 во селото Сарај, Општина Сарај, поради интервенција на електродистрибутивната мрежа.
Дополнително, од 09:00 до 12:00 часот без напојување ќе бидат и корисниците на улицата „Саса 2“ во Општина Кисела Вода, поради планирани работни активности.

