- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
Author: Author 04
Утрово, на социјалните мрежи се шират слики од планински врвови кои го покажуваат првиот снег што паѓа во Србија, како и во регионот. Оваа слика е од Голија, каде што може да се види обилна лапавица, додека снег паѓа и на Копаоник. Што се однесува до регионот, снег падна на падините на Бјелашница во Босна и Херцеговина. За потсетување, РХМЗ предупредува дека снежна покривка ќе се формира во ридските и планинските области на јужна и источна Србија во четврток и петок. Во планинските области се очекува да наврнат помеѓу 25 и 50 см снег во период од 48 часа. Поради…
„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики.“ Ова го истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и истраги, Влатко Лакордов, на регионалниот состанок на фокални точки и координатори на Меѓуагенциските гранични единици од Југоисточна Европа, во рамки на Заедничката акција на Европската Унија и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) за промовирање на владеењето на правото и доброто управување…
Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените. Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на Универзитетот во Лестер, Велика Британија. Кеусри објаснува дека повеќе од 90 отсто од луѓето ширум светот дишат воздух што ги надминува безбедните нивоа на загадување утврдени од Светската здравствена организација. Исхраната богата со овошје и…
На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да ги гледаме рака под рака Али Ахмети и Димитар Апасиев. Се со цел да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие два града. Апасиев и Левица истите…
Поддршката за кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Горан Герасимовски од ден во ден, сѐ повеќе расте. Вчеравечер, голем број на граѓани присуствуваа на отворањето на вториот промотивен штаб кој се наоѓа на бул. „Партизански Одреди“ спроти Градежниот факултет. Герасимовски, пред присутните граѓани, истакна дека овие локални избори се борба за достоинство, за работливите, за чесните, за сите граѓани кои го сакаат Центар. „Ова е борба за прогресивното, за културното, за почитување на традиционалното, за уважување на човекот, на вистински начин. Решив да се кандидирам затоа што имаме резултати, затоа што е потребно да продолжиме заедно, за да Центар биде…
Синоќа, во големата сала „Борис Трајковски“, Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство. Илјадници и илјадници граѓани го исполнија секој агол од салата, додека стотици други останаа надвор поради големата толпа. Се извинуваме за ова, бидејќи срцата на Албанците чукаа толку силно што ниту една сала не можеше да ги собере, велат од ВЛЕН. „Синоќа, Скопјe и сите Албанци беа ЕДЕН ГЛАС. ВЛЕН не ветува, ВЛЕН работи. Ова го докажаа делата што секој aлбанец ги гледа денес: 40 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“ затоа што сакаме вистинско знаење, а не безвредни дипломи. 25 милиони евра за плоштадот „Скендербег“…
Промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажа политичкиот реалитет: не само што граѓаните не им веруваат, туку и нивните поранешни поддржувачи ги напуштија. И покрај разулавената пропаганда и нелегалните притисоци од власта, салата остана со празни седишта, додека вистинската жива атмосфера чукаше низ чаршии – од Скопје и Куманово, во Гостивар, Тетово, Кичево па сè до Струга, велат од ДУИ. „Народот не одговори на повикот да поддржи проект кој веќе ја изгуби секоја кредибилност и се претвори во голема измама. Причината е јасна: ВРЕДИ не исполни ништо, апсолутно ништо од дадените…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности. „Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон…
Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00). Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00). Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ Каја Шукова ќе даде изјава за медиуми во Аеродром. Независниот кандидатот за градоначалник на град Скопје подржан од Независни заедно проф. д-р Горан…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен. Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени. До петок под влијание на влажен бран ќе…
