Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Времето денеска облачно и врнежливо, за викендот пад на температурите, од вторник нов пресврт

    Времето денеска облачно и врнежливо, за викендот пад на температурите, од вторник нов пресврт

    27.03.2026 во 08:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска не очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Според метеоролозите, на одредени места врнежите ќе бидат пообилни, со количество над 20 $l/m^2$, а постојат услови и за појава на ретки грмежи.

    Промената на времето ќе донесе снег на планините каде ќе се формира нова снежна покривка, додека на повисоките места дождот повремено ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 2 до 8 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат до 15 степени.

    Во Скопје времето ќе биде слично – облачно со дожд и услови за грмежи во делови од котлината. Температурата во главниот град ќе се движи од 5 до 13 степени.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат продолжување на променливото време и за викендот:

    „За време на викендот ќе биде посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Во сабота ќе има услови за изолирана појава на ретки грмежи, а на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе врне снег.“

    За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. По краткото стабилизирање во понеделник, нов бран врнежи се очекува веќе од вторник.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.