Author: Author 04

Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите.Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Повеќе

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање недозволена трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациски единици во текот на септември, во повеќе различни случаи, лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кои поседувале наркотични средства. Како што соопшти МВР, при извршени лични прегледи и прегледи на возила, кај нив биле откриени и запленети поголема количина марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки. -Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин,…

Повеќе

„Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена. Сакам да ѝ ја вратиме, културната енергија, урбаниот дух и јавниот простор на граѓаните“, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје, претставувајќи ги проектите од својата програма во делот култура и урбан живот. Шукова најави големи инвестиции во културна инфраструктура, младински простори, туризам, урбана уметност и семејна рекреација. „Плоштадот, Чаршијата, Калето, Водно, Матка тие треба да бидат нашето лице, а не заборавени точки. Ќе ги уредиме, ќе поставиме туристичка сигнализација и дигитални мапи, и ќе понудиме културни рути за граѓаните и туристите“, истакна Шукова. Особено внимание ќе…

Повеќе

СДС и Венко Филипче деновиве од петни жили се трудат да испратат сигнали до Бугарија дека се спремни да направат се, да клекнат и да прифатат секоја позиција, па излегоа со наводна резолуција. Резолуцијата не е за Венко не е за Македонија, таа е за Бугарија, знак и сигнал на што се е спремен да направи, договара, преговара и дополнително да ја понижува државата, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, кажи што си договорил со Бугарите и кој бонбона бизнис им го нудиш, кога веќе еднаш подметна француски предлог? Дали преку таквата резолуција се нудиш како…

Повеќе

Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје, на 15 септември годинава поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од Кривичниот законик. – Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Северна Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите…

Повеќе

Вчера во 23:10 часот во СВР Скопје, М.С.(20) од Скопје пријави дека околу 22:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Н.Р.(18) од Скопје. Според пријавеното околу 22.30 часот на подрачјето на Чаир, во Скопје, тој бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Повеќе

Вчера во 12:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Крушеански чаир” во атар на с.Врбјани, прилепско, била пронајдена експлозивна направа. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, експлозивната направа била безбедно подигната и констатирано е дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.

Повеќе

На Битола и треба градоначалник со искуство и да знае да менаџира посебно во развојот на локалниот економски развој, истакна Јорго Огненовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола, поддржан од политичката партија Демократи. Според Огненовски, во Битола е потребна брза заштита на објекти и инвестирање во нови кои ќе им користат на младите и возрасните битолчани. -На Битола и треба градоначалник со искуство, да знае да менаџира и посебно да е посветен на врвна економија бидејќи младите заминуваат. На Битола и треба заштита на најважните објекти како што на пример е хотелот „Битола“ познат како старски дом кој пред нашите…

Повеќе