Дел од жителите на Општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Станува збор за уличен дефект на цевка со профил од 80 милиметри, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“.
Прекин во водоснабдувањето ќе има на дел од улицата „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“, при што без вода ќе биде и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот.

