Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“

    Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“

    01.04.2026 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сведоштвата за големата почит спрема шаховската игра во Македонија отсекогаш биле добро фундирани со аргументи, меѓу кои се организацијата на Шаховската олимпијада во 1972 година, а потоа и формирањето на ШК Алкалоид во 1976 година.

    Клубот, кој на почетокот беше скромно ориентиран кон поттикнување и развивање на древната игра меѓу вработените кои учествуваа на натпреварувања против други компании, со текот на времето прерасна во најуспешен шаховски колектив во Македонија, кој на републичките првенства ја презеде доминацијата и во независна Македонија дури 27 пати ја освои екипната титула во 33 настапи. Дополнително, ШК Алкалоид во 2016 година ја понесе титулата европски клупски шампион, а во три наврати (2017, 2024 и 2025 година) беше европски клупски вицешампион! По повод петдеценискиот јубилеј, годинава се предвидени повеќе активности, кои започнуваат со првиот настан на почетокот на април на Шаховскиот фестивал!


    На 4 и 5 април во хотелот „Континентал“ ќе бидат организирани два турнира: еден во брзопотезен шах (блиц) – 13 рунди со темпо на игра од три минути од играч и две секунди за потег, а вториот во забрзан шах (рапид), при што играчите ќе играат 11 рунди со темпо од 10
    минути од учесник плус пет секунди за потег. Предвиден е награден фонд од 130.000 денари за
    првиот турнир и уште 230.000 денари за вториот турнир. Во двата случаи ќе им бидат доделени
    награди на десетте најдобропласирани играчи, како и специјални награди на шахистките,
    ветераните и на јуниорите.

    Традиционално, интересот за турнирите на ШК Алкалоид е голем, а поради ограниченоста на просторот за игра чинот на пријавување завршува рано. Имајќи го предвид намаленот број на
    турнири кои се организираат во Македонија, со сигурност овие два турнира ќе донесат задоволство меѓу оние кои го почитуваат шахот, а упатените ќе знаат да ги препознаат и
    организациските напори на спортските работници меѓу фармацевтите, кои ќе дадат сѐ од себе за
    да направат уште едно силно издание на овој турнир, кој ужива висок углед во регионот.
    Организаторите од ШК Алкалоид навестуваат дека турнирот ќе биде отворен и за публиката, со
    цел одбележувањето на полувековниот јубилеј да биде во што е можно подобра атмосфера.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.