- Јаневска од Штип: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование во кое академската заедница ќе покаже проактивност
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството
- Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор
- Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
- Од амбициозни реформи до ненадејно повлекување: Директорката на „Лувр“ поднесе оставка
- Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
- Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции
Author: Author 04
Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Г.К. пријави дека на 21.02.2026 околу 21:15 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 00:50 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.У.(41) од Република Турција. При гранична контрола и проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувани меѓународни зелени карти за товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавените, како концесионери на Шумско- стопанска единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво. Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 кубни метри без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари…
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.Д.(39), М.И.(19), М.З.(27) и О.Ј.(34), сите од Скопје, Б.Д.(47) од с.Инџиково, скопско, С.Т.(31) од с.Шишево, скопско, Љ.Б.(32) од Штип и Е.А.(20) од Турција, со привремен престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.К.(57) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 24.01.2026 во с.Казандол, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран сопреле патничко возило „југо“, кое го управувал пријавениот, а по извршена проверка било констатирано дека регистарската табличка потекнува од друго возило.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати…
Викендов полиција во Битола разбила една од групите која преку телефонски измами изнудувала пари, претежно од повозрасни граѓани. Во измамата тие се претставуваат како лекари или полицајци и со лажна информација дека нивни роднини доживеале тешка сообраќајна несреќа барале итно да им се донесат пари за операција или за заташкување на случајот. Според истрагата, битолската група оперирала во периодот од ноември 2025 до 21 февруари 2026. Овој модел на измама не е нов и во изминатите години повеќе вакви случаи беа регистрирани во Скопје, Кавадарци, Прилеп, Куманово и други градови.Од МВР апелираат граѓаните, особено повозрасните, да не даваат пари или…
Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола. На 21.02.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Од страна на…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција посочи дека враќањето на Груби е договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски. „Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски. Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад најавува некое апсење“, посочи Кузеска. Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата за скандалите и криминалите, но ќе добијат театар, како денеска. На сите…
Првата сабота од Велигденските пости е посветена на Светиот великомаченик Теодор Тирон, празник кај народот познат како Тодорица или Тодорова сабота. Овој ден е исполнет со необични и автентични македонски обичаи, од кои најинтересните се поврзани со младите девојки и нивната желба да го дознаат својот иден сопруг. Според записите на Марко Цепенков, девојките во петок навечер го зачувуваат првиот залак од вечерата и го ставаат под перницата. Се верува дека момчето кое ќе го сонат таа ноќ, ќе им биде судено за маж. Во Битола, пак, мајките „краделе“ три зрна пченица од црквата за да им ги стават на…
