Author: Author 04

Претседателот Александар Вучиќ вечерва изјави дека надлежните органи веќе три дена се обидуваат да ги пронајдат двајца снајперисти кои, според разузнавачките информации, пристигнале во Белград и дека е познато од каде се парите што ги добиле. „Моментално бркаме двајца снајперисти во Белград, за кои знаеме дека се во градот. И не можеме да ги пронајдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме, кои се тие и какви цели се, ќе видиме. Значи, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде се парите. Верувам дека надлежните органи ќе можат да го решат ова. Значи, тоа е нивниот единствен начин“, рече Вучиќ,…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои се очекуваат особено во претпладневните часови. Се очекува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски во однос на претходниот период. Минимална температура ќе се движи од 6 до 11 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 10 до 16 степени Целзиусови.Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време.Петок и…

Повеќе

Вчера во 19:11 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево-село Ѕвегор, делчевско, патничко возило „ауди а4“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од с.Ѕвегор, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и 19-годишната сопатничка А.М. од село Нов Истевник, делчевско, констатирани во Клиничката болница Штип, додаваат од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги утврди кандидатите кои ќе ги заменат Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на локалните избори. Според одлуката, пратеници ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, образложи дека редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, овие тројца ќе ги заменат досегашните пратеници. Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот. За новите тројца пратеници ДИК веднаш ќе го информира Собранието на РСМ. Претходно, на денешната седница, Собранието констатира дека на Бети…

Повеќе

Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, како што наведува Еуроњуз, „револуционерни разговори за иднината на европската интеграција“. Покрај Мицкоски, на Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија…

Повеќе

Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека вториот круг од локалните избори во земјава се одвивал уредно и кампањата била конкурентна, но нагласи дека не сите кандидати имале еднакви услови за кампања. Загрижувачки остануваат притисоците врз гласачите и наводите за купување гласови. Матео Мекачи, шеф на набљудувачката мисија, изјави дека основните слободи на изразување, здружување и собири биле почитувани, и учесниците имале можност слободно да водат кампања. Сепак, тој посочи: Набљудувачите изразија загриженост поради: Мекачи истакна дека иако правната рамка обезбедува техничка основа за демократски избори, сѐ уште постојат бројни недоследности и слабости, особено во однос на изборната администрација, пристапот…

Повеќе

Полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа околу 22:00 часот во близина на гевгелиското село Богородица ги лишиле од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицајците претходно забележале како во близина на граничната линија со Република Грција се движат патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, кое го управувал С.У. -Исто така, забележано е и едно лице мигрант кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, при преглед во патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(27) од Охрид, полициските службеници пронајдоа пневматски пиштол „Винчестер“, кој го носел спротивно на одредбите од Законот за оружје. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Управувањето со био-отпад е критичен елемент на одржливото урбано живеење. Европските градови применуваат различни стратегии и иновативни технологии за селекција, собирање и преработка на органски отпад, прилагодени на локалните услови. Следните примери од Милано, Каталонија, Франција и Австрија ја илустрираат важноста на едукацијата, финансиските стимули и соработката меѓу граѓаните и општините за постигнување високи стапки на одделно собирање и циркуларна економија. Иако во Европската Унија само околу 26% од отпадот од храна се собира одделно, а дури 75% завршува во депонии или согорување, постојат добри практики кои покажуваат дека со вистински мерки и ангажираност на граѓаните можно е да се…

Повеќе