Author: Author 04

Вчера во 08:40 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека во нејзиниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот поранешен 70-годишен сопруг од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од полицијата. 

Повеќе

Вчера во 20:41 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје починал осуденикот М.С.(73)  с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, кој на 31.10.2025 бил пренесен во здравствената установа откако му се влошила здравствената состојба.

Повеќе

Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух. Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе

Вчера во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Повеќе

Mинистерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип за ризични категории населени досега се пријавени над 76.000 граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43.000 лица низ државата. -Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Певентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост, изјави министерот за здравство, Азир Алиу. Исто така, е започната и вакцинацијата со комерцијалните вакцини во ЦЈЗ Скопје, а во текот на неделата ќе отпочне вакцинација и во…

Повеќе

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж кој почина на лице место, објави Слободен печат. Според информациите на МВР, возачот на автомобилот веднаш избегал од местото. „Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопшти МВР. Во тек е увид…

Повеќе

На тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната изборна комисија (ДИК) сега треба да го извести Собранието за новите пратеници кои ќе ги заменат испразнетите места. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на почетокот на собраниската седница информираше дека, согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик, со денот на верификација на мандатот градоначалник, на избраните лица им престанува пратеничкиот мандат. Тројцата пратеници на кои им престана мандатот се: Со ова, ДИК треба да почне со постапка за пополнување на испразнетите места од листите на партиите од…

Повеќе

Досегашниот градоначалник на општина Кисела Вода и новоизбран градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и ја предаде функцијата на Бети Стаменкоска Трајкоска. Ѓорѓиевски, кој заминува да ја води скопската градска администрација, упати емотивна порака до својата наследничка, изразувајќи целосна поддршка.„Честитам од срце Бети! Кисела Вода од денес има нов градоначалник. Бети Стаменкоска-Трајкоска е новата мајка на општината. Знам колку си посветена, колку искрено ја сакаш Кисела Вода и колку труд вложуваш во сѐ. Убеден сум дека ќе го продолжиш патот кој го трасиравме со истата сила, со ист жар и љубов. Ти благодарам за сѐ што направи и за она…

Повеќе

Вчера во 16:40 часот во ОВР – Неготино, пријавено било дека 52-годишниот С.Ј. од село Криволак, неготинско, физички ја нападнал 18-годишната Ш.О. од Прилеп. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа од СВР – Велес.

Повеќе

Министер за Социјална Политика, Демографија и Млади, Фатми Лимани упати порака по вториот круг од локалните избори, повикувајќи на обединување, мир и соработка меѓу сите етнички заедници. Тој предупреди дека триумфализмот може да доведе до подлабоки поделби во веќе „испразнетиот и разрушен“ град. Во својата порака, Лимани апелира до победникот во вториот круг да се воздржи од триумфализам, нагласувајќи дека општината и нејзиното население имаат потреба од обединување за да се надминат траумите од минатото.„Моментот е да разбереме дека триумфализмот води кон уште подлабоки поделби во меѓуетничките односи нешто што му е непотребно на градот, кој веќе е речиси без…

Повеќе