Author: Author 04

Вчера на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Инцидентот предизвика внимание и на социјалните мрежи, каде што граѓани коментираат за невообичаената ситуација. Според пријавата, полицијата интервенирала откако добила информација дека лицето кое врши верски обреди најверојатно не е вистински свештеник, туку се претставува како таков за да извлече финансиска корист од граѓаните. КОМЕНТАР НА ГРАЃАНИН: „Замислете мои волковчани и ѓорчепетровци, вчера задушница идеш како човек на гробишта во Ѓорче да ги посетиш починатите да…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени…

Повеќе

Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Р.А., на возраст од 40 години од село Марена, кавадаречко. Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А, на возраст од 21 година, А.А.. на 19-годишна возраст и еден малолетник, од една страна и Р.А. и 38-годишната Ш.А., од друга страна, сите од село Марена. Притоа, Р.А. со дрвен предмет го нападнал 21-годишниот А.А. и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница – Кавадарци. Предметот е пронајден и одземен, а Р.А. е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител…

Повеќе

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, прогласи историска победа на локалните избори, истакнувајќи дека партијата освоила 54 општини, вклучувајќи го и Градот Скопје. Според него, ова е победа на народот и голема обврска за испорачување резултати. Мисајловски потенцираше дека заедно со коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ освоила 66 општини од вкупно 81, докажувајќи дека владината коалиција е стабилна и легитимна.Македонија е обоена во црвено, истакна Мисајловски. „Од Кичево до Кочани. Од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Со освоени 54 општини и градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А Владината коалиција, на овие избори, докажа дека е повеќе…

Повеќе

Невообичаена ситуација е регистрирана на избирачкото место 2444 во селото Раовиќ, општина Сарај, каде што од вкупно 214 запишани избирачи, ниту еден граѓанин не излегол да гласа во вториот круг од локалните избори. И покрај овој инцидент во едно од селата, еве како изгледаше резултатот од гласањето за градоначалник на Град Скопје во општина Сарај:

Повеќе

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.10.2025 до 31.10.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Повеќе

Под влијание на влажна воздушна маса, денес попладне, во текот на ноќта и утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека врнежите наместа ќе бидат пообилни, со над 15 литри на квадратен метар, и ќе има услови за ретки грмежи. Покрај врнежите, најавено е и засилување на ветрот. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Како резултат на промената, дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.Во Скопје кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд кои повремено…

Повеќе

Универзитетската професорка Ана Чупеска поднела оставка од функцијата потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Причините за нејзиното повлекување засега не се познати за јавноста. Професорката Чупеска на потпретседателската функција во СДСМ дојде откако партијата ја презеде Фенко Филипче. Таа е професорка на Правниот факултет во Скопје. Нејзината оставка доаѓа по Локалните избори 2025, за кои Чупеска по првиот круг на гласање изјави дека биле успешни за СДСМ, иако партијата во тој круг освои само три градоначалнички места. Сè уште нема официјално соопштение од партијата или од самата Чупеска за причините за нејзината одлука.

Повеќе

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева и претставници од банкарскиот сектор. Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека во време на светска неизвесност и последователни кризи, штедењето претставува темел на отпорноста на економијата и на стабилноста на финансискиот систем. „Отпорноста не е реакција, туку прашање на…

Повеќе

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.Со новиот мандат, Стојкоски добива нова можност да го продолжи континуитетот на развојот во Ѓорче Петров. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.-Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност,…

Повеќе