Author: Author 04

Најстудено утрово е во Берово, каде се измерени 2 степени Целзиусови. Максималните дневни температури денеска ќе се движат до 21 степен, со променливо облачно време и најава за локален дожд попладне. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), измерени во $08:30$ часот, температурите низ земјава се движеле од минимални $2$ степени во Берово до максимални $10$ степени во Маврови Анови и Виница. Измерени утрински температури: Температура (°C)Место2Берово4Струмица, Битола5Скопје – Петровец, Крива Паланка, Велес, Штип6Тетово, Гевгелија, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка7Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Лазарополе, Кавадарци, Претор8Крушево9Охрид10Маврови Анови, Виница

Повеќе

Дваесет и едногодишно момче од Куманово со мотоцикл излетал од патот и починал, соопшти денеска СВР Куманово. -Вчера во во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управан од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираше полицијата. Екипа на СВР Куманово извршила увид.

Повеќе

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголем победник на Локалните избори 2025, обезбедувајќи градоначалнички позиции во Градот Скопје и во вкупно 54 општини. Резултатите се сумирани по завршувањето на двата круга на гласање. По завршувањето на вториот изборен круг, кој се одржа вчера, распределбата на градоначалничките места меѓу политичките субјекти е следна: Политички субјектБрој на градоначалнициВМРО-ДПМНЕ (и Коалиција)Скопје + 54 општиниКоалиција ВРЕДИ9 општиниСДСМ (и Коалиција)6 општиниНАИ4 општиниДвижење ЗНАМ1 општинаУнија на Ромите1 општинаНезависен кандидат1 општина

Повеќе

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на гра Скопје. Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот, за корисниците од дел од ул. „1“ во с. Сопиште, во општина Сопиште, од 09:00 до 13:00 часот, од дел од ул. „Димитар Мирсачев“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, за корисниците од објектите во околината…

Повеќе

Времето денеска променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 16 до 21 степен. Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно, при што претпладне по одделни котлини е можна појава на магла. Позначајна промена се очекува во попладневните часови и во текот на ноќта, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, а се најавуваат и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од $1$ до $8$ степени, додека максималната ќе достигне од 16 до…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска победи Центар што го сакаме, победија граѓаните на фер и демократски избори. Во продолжиме, Ви го пренесуваме неговото целосно обраќање: „Денес е голем ден за сите нас. Денес победи Центар што го сакаме! Денес победија граѓаните домаќини, победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното! На слободни, на фер и демократски избори! На почетокот сакам од срце, искрено да се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене и за нашата советничка листа. Бидете уверени, го направивте одличниот избор. Се заблагодарувам…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата. „Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија,“ рече Филипче. Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата…

Повеќе

Неготино ја доби својата прва жена градоначалничка – Марија Нацева, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Веста ја објави Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино преку социјалните мрежи.- Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во нашата општина, а ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ  Неготино ќе продолжиме да бидеме поддршка и двигател за нови успеси, истакнаа од Унијата. 

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави резултатите за општина Студеничани, каде што со обработени 99,79% од гласовите (31 од 31 избирачко место), победата му припаѓа на кандидатот на Националната алијанса за интеграција – НАИ, Ејуп Абази. Абази победи со тесна разлика од 2,23 проценти, односно со 104 гласа.

Повеќе