Author: Author 04

Со обработени речиси сите гласови во Куманово (98,20% од избирачките места), актуелниот градоначалник и кандидат на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, води пред независниот кандидат Горан Стојковски-Диро. Максим Димитриевски, кој прогласи победа, води со минимална предност: Димитриевски води со предност од 3,49 процентни поени, односно со 1.162 гласа.

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати за градоначалник на општина Центар, потврдувајќи ја победата на кандидатот поддржан од СДСМ. Со обработени 88,90% од гласовите (71 од 78 избирачки места), резултатите се:

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати за градоначалник на општина Зрновци, потврдувајќи ја победата на кандидатот на СДСМ со најтесна можна разлика. Со обработени 99,92% од гласачките места во Зрновци резултатите се следни: Кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев, победи со предност од само 11 гласа.

Повеќе

Според најновиот пресек на Државната изборна комисија (ДИК), со обработени 89,63 од избирачките места на национално ниво до 20:45 часот, се потврдуваат убедливи победи на кандидатите поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Повеќе

Според резултатите за градоначалници од вториот круг (до 20:10 часот), со обработени 64,73% од гласовите на национално ниво, се оцртуваат јасни победници во повеќе општини.Според ДИК ВМРО-ДПМНЕ води во 21 општина.

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првите официјални резултати за градоначалник на Град Скопје. Со обработени 59,93% од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство.

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ пријавува значајно водство во повеќе општини, вклучувајќи го и Град Скопје.Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ 34.734 Левица 16.835 Аеродром ВМРО-ДПМНЕ 4130 СДСМ 1560 Карпош ВМРО-ДПМНЕ 4750 Стевче 3914 Дојран ВМРО-ДПМНЕ 806 СДСМ 406 Кочани ВМРО-ДПМНЕ 1754 Венко 891 Чучер Сандево ВМРО-ДПМНЕ 1020 СДСМ 610 Долнени ВМРО-ДПМНЕ 1414 ВЛЕН 502Во Општина Центар, СДСМ пријавува водство: Лабудовиќ (ВМРО-ДПМНЕ): 3.983 гласа Горан (СДСМ): 5.975 гласа

Повеќе

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок. И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на…

Повеќе

Жена е тешко повредена вечерва откако била прегазена на пешачкиот премин пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Центар, Скопје. Несреќата ја предизвикал возач на „Туарег“, кој веднаш по инцидентот го напуштил местото на несреќата. Жената е пренесена во болница со тешки телесни повреди. МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и возачот.

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првите неофицијални резултати од пребројувањето на гласовите во вториот круг од локалните избори, при што партијата води во повеќе клучни општини.Скопје ВМРО-ДПМНЕ 11094 Левица 4090 Аеродром ВМРО-ДПМНЕ 224 СДСМ 24 Пробиштип ВМРО-ДПМНЕ 332 СДС 174 Кочани ВМРО-ДПМНЕ 466 Венко 328 Валандово ВМРО-ДПМНЕ 249 СДСМ 157

Повеќе