Вчера во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
- Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
- Апсења во повеќе градови во Македонија
- Следната недела доаѓа голем празник
- Најавен полициски час во Франција
- Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
- Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција
- Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
- Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце

