Author: Author 04

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска одржа координација со пратеничките групи, на која е постигната согласност за потребата од донесување нов Изборен законик, кој треба да биде консензуален. Гаши на брифингот со новинарите истакна дека не е исклучена ниту промена на изборниот модел, вклучително и воведување една изборна единица. Сите координатори на пратеничките групи се согласиле дека треба да се разговара со цел консензуално да се донесат новите законски решенија. Новиот закон е потребен поради проблемите со финансирањето на партиите (кој не ја отсликува реалната состојба) и за надминување на сите евидентирани проблеми во изборните процеси.Препораките на ОБСЕ, финансирање на…

Повеќе

Портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на позицијата прв вицепремиер, откако Меџити беше избран за градоначалник на Општина Чаир. Меџити, кој досега беше прв вицепремиер, ќе ја преземе градоначалничката функција во Чаир. Наследник на позицијата прв вицепремиер e Беким Сали. Додека за позицијата министер за животна средина допрва ќе се одлучува и сѐ уште нема конкретно име.

Повеќе

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, кратовско, во близина на место викано „Чешмиче“, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговиот сопатник Н.Б.(24) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(21) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, известија од полицијата.  Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски е во службена посета на Брисел. -Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, пријателска средба. Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите, посочи Мицкоски. Состанокот го нарече пријателски и продуктивен. -На состанокот апсолутно ги повторивме нашите…

Повеќе

Вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Ноќеска во 02:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје пронајден е починат Љ.И.(48) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, известија од полицијата во дневниот билтен.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава. – Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во македонското здравство постои знаење, храброст и визија за врвни резултати. Ова е голем чекор напред за нашето здравство и потврда дека инвестицијата во знаење, технологија и човечки потенцијал овозможува врвни резултати, истакна министерот Алиу…

Повеќе

Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. 

Повеќе

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата се одржа на 21 октомври 2025 година и на неа присуствуваа Тито Петковски, Саво Климовски, Никола Поповски и Трајко Вељаноски. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, искажа голема почит кон Собранието, според него една од најзначајните институции во државата, кон функцијата претседател на Собранието, кон присутните и другите претседатели на Собранието за нивната работа, посветеноста на функцијата претседател на Собранието и умешноста во справувањето со предизвиците. Благодарност за средбата беше изразена и од Петковски, Климовски, Поповски…

Повеќе