Author: Author 04

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17°C. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15°C. Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.Р.Л.(70) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. – На 19.10.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во кампер „фиат“, со кој допатувал пријавениот, при што во возилото била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од полицијата

Повеќе

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам беше прогласен за витез денес на церемонија во замокот Виндзор, како признание за неговите децениски придонеси во спортот и добротворните цели. Наградата му ја врачи кралот Чарлс III, а двајцата разменија топли зборови за време на церемонијата. Бекам носеше стилско одело дизајнирано од неговата сопруга, Викторија Бекам, моден дизајнер и поранешна членка на познатата група „Спајс Грлс“. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед не можеше да ги скрие своите емоции. Подоцна призна дека плачел кога дознал дека ќе биде прогласен за витез. Ова е исклучително голем момент за моето семејство и за мене. Пораснав во скромни…

Повеќе

По повеќе од два месеци нема епилог во врска со наводите за непотребно извршени интервенции на срце во приватни здравствени установи кои ги испитува интерната комисија во Министерството за здравство. Досега се пристигнати околу 25 претставки, останува да се разгледаат уште седум или осум. Од интерната комисија формирана по наводите беше најавено дека ќе бидат вклучени и странски доктори, експерти, но не се прецизира кога тие ќе пристигнат во земјава. Министерот за здравство Азир Алиу денеска рече дека кога ќе завршат со разгледување на тие претставки ќе излезат на прес-конференција и дека во моментов кога официјално изборите ќе завршат тогаш…

Повеќе

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, и на Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, Јусуф Сопа, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е да се воспостави партнерство меѓу двете институции за унапредување на системот за превенција и рано предупредување од цивилни ризици и опасности, како и за поефикасно справување со последиците од несреќи и катастрофи. Од Центарот за управување со кризи нагласуваат дека ова партнерство ќе придонесе за: Навремено информирање на јавноста во ситуации кога е загрозена безбедноста на граѓаните, побрза и посигурна размена на информации, подобра координација меѓу институциите.

Повеќе

Вчера во 09:00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријави дека на 31.10.2025 околу 19:00 часот на автобуска постојка на Транспортен центар во Скопје, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“. На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, планираното затворање на сообраќајот во Дебар Маало и друго. „Високо ги ценам и почитувам моите противници во изборниот процес. Уште на предизборните дебати јавно потенцирав дека секој нивен предлог и иницијатива ќе бидат добредојдени. Нивните искуства со кои влегоа во…

Повеќе

Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна, стои во соопштението од СДСМ.  „ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле. Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата. За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали,…

Повеќе

Денес, новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, и официјално го презеде својот мандат. Во своето обраќање по повод преземањето на функцијата, градоначалникот Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори. „Од денес се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока благодарност. Чаир секогаш ме поддржувал, а овој пат ми даде силен мандат доверба што ќе ја претворам во чесна работа, конкретни резултати и управување што го познава само јавниот интерес,“…

Повеќе

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, при презентацијата на извештаите за напредокот на земјите кандидатки, порача дека следната година ќе биде „момент на вистината“ за сите, а особено за оние со високи амбиции. Таа ја нагласи потребата од спроведување на реформи за трајна трансформација кон демократските стандарди на ЕУ. Кос оцени дека 2025 година била добра година за политиката на проширување, при што Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина постигнале „значителен напредок“. За жал, еврокомесарката нагласи дека Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина, не постигнала напредок на европскиот пат поради различни причини. Високата претставничка за надворешна политика, Каја Калас,…

Повеќе