- Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
Author: Author 04
Тело пресечено на половина и со бројни повреди е откриено на брегот на реката Сон во село во Горна Сон во источна Франција. Осакатеното тело е пронајдено во сабота, 1 ноември, и се верува дека е на 75-годишен Швајцарец кој се сметал за исчезнат. Истрагата за убиството и ДНК тестовите се уште се во тек. Морничавото откритие ја потресе заедницата до срж, а истражителите сè уште се обидуваат да ги откријат околностите на злосторството, кое беше откриено кратко пред 15 часот во саботата. Според обвинителството, телото е пронајдено пресечено на половина во половината, покриено со бела материја и без долна…
Вчера околу 21:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е преглед на Ф.Ш (38) од Скопје при што пронајдена е марихуана. Ф.Ш. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на автомобили кои се движеле во иста насока. Еден од загинатите е возачот на едната кола која учествувала во несреќата. МВР претходно јави за вкупно петмина повредени во несреќата, од кои двајца загинале. „На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде…
Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Република Унгарија. На приемот, организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн, присуствуваше и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Претседателката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил го истакна значењето на македонско-унгарското пријателство: „Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, препознавајќи ги нашите напори за стабилност и реформи, засновани на европските вредности.“ Таа изрази уверување дека партнерството меѓу двете земји ќе продолжи да се развива во духот на взаемна почит…
Јавното претпријатие „Лајка“ доби 600 килограми храна за кучиња и 10 рачно изработени куќички за кучиња, a донацијата беше обезбедена преку активностите организирани по повод вториот роденден на Diamond Mall. Во рамките на одбележувањето на вториот роденден, Diamond Mall организираше низа активности во соработка со ЈП „Лајка“, во насока на подигнување на јавната свест за потребата од заедничко делување за подобрување на состојбата со бездомните животни во Скопје. „Комплексот Diamond of Skopje, чиј дел е Diamond Mall, е дел од оваа заедница, дел од Скопје. Како одговорна компанија, ние активно се вклучивме во заедничка акција за подобрување на состојбата со…
Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС. Граѓаните ги препознаа досегашната работа, искрените намери и одлучност Македонија да почне да се развива, затоа и ги избраа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје. Овие локални избори се значајни и поради фактот…
Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”. Излегувајќи од собата, во темниот двор на…
Десет лица го загубија животот во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла, Босна и Херцеговина. Пожарот се проширил на седмиот кат од објектот, каде што биле сместени луѓе со попреченост. Според неофицијални информации на Кликс.ба, се претпоставува дека смртта на жртвите најверојатно настанала поради задушување, бидејќи лицата со попреченост не можеле самостојно да се евакуираат.Во пожарот загинаа десет лица, додека пет лица се хоспитализирани во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.Двајца од хоспитализираните се на одделението за интензивна нега, во критична состојба. Кантоналната полиција извести дека пожарот е ставен под контрола во 22:00 часот. Во тек…
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време, на длабочина од 7 километри. Епицентарот се наоѓа на околу 12 километри западно од градот Ксанти, и на околу 110 километри јужно од бугарскиот град Пловдив. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата…
