Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња

    Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња

    05.11.2025 во 10:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното претпријатие „Лајка“ доби 600 килограми храна за кучиња и 10 рачно изработени куќички за кучиња, a донацијата беше обезбедена преку активностите организирани по повод вториот роденден на Diamond Mall. Во рамките на одбележувањето на вториот роденден, Diamond Mall организираше низа активности во соработка со ЈП „Лајка“, во насока на подигнување на јавната свест за потребата од заедничко делување за подобрување на состојбата со бездомните животни во Скопје.


    „Комплексот Diamond of Skopje, чиј дел е Diamond Mall, е дел од оваа заедница, дел од Скопје. Како одговорна компанија, ние активно се вклучивме во заедничка акција за подобрување на состојбата со бездомните животни. Навистина ни е драго што нашата иницијатива беше одлично прифатена, а резултатот е потврда за тоа. И во следниот период продолжуваме да градиме мостови за подобар живот“, изјави Куртхан Апајдин, генерален директор на „Лимак Скопје“, компанија во чија сопственост е комплексот.

    Најмалку еден килограм храна беше услов за присуство на хуманитарниот концерт кој се одржа на 26 октомври 2025 година. На концертот настапија македонски музички ѕвезди Лозано, Викторија Лоба, Лара и Пајак, како и музичката легенда Драган Мијалковски како специјален гостин. Покрај тоа од 20 до 26 октомври во Diamond Mall беше отворена Зона за донации, каде што сите посетители можеа да остават храна и опрема за бездомните животни.


    „Задоволни сме што нашиот роденден се претвори во убава хумана приказна, која покажа дека кога луѓето се обединети околу позитивна цел, резултатите се исклучителни. Веруваме дека токму ваквите моменти ја градат културата на одговорност и солидарност, како и дека малите гестови можат да доведат до големи промени“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

    Во трговскиот центар се организираа и активности за да се поттикне вдомување на кучињата кои чекаат нов дом, а се одржа и креативна работилница за бојадисување куќички за кучиња, на која беа изработени десетте куќички и потоа донирани на „Лајка“.

    Преку оваа иницијатива Diamond Mall обезбеди конкретна поддршка за ЈП „Лајка“, но истовремено успеа да го зголеми бројот на луѓе кои се вклучија да помогнат. Diamond Mall продолжува да го развива и својот концепт на современ лајф центар, но и да поттикнува и поддржува активности од јавен интерес.

    Прочитај повеќе

    ЕСМ: Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона во Скопје

    05.10.2026 во 13:11

    ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“

    01.10.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.