Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Цветна елеганција на Претседателката Сиљановска во Битола
    • „Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
    • Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска Давкова на приемот за Националниот ден на Унгарија: Унгарија е искрен поддржувач на нашиот евроинтеграциски пат

    Сиљановска Давкова на приемот за Националниот ден на Унгарија: Унгарија е искрен поддржувач на нашиот евроинтеграциски пат

    05.11.2025 во 10:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Република Унгарија. На приемот, организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн, присуствуваше и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

    Претседателката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил го истакна значењето на македонско-унгарското пријателство:

    „Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, препознавајќи ги нашите напори за стабилност и реформи, засновани на европските вредности.“

    Таа изрази уверување дека партнерството меѓу двете земји ќе продолжи да се развива во духот на взаемна почит и солидарност.

    На приемот по повод Националниот ден на Унгарија, покрај претседателката, присуствуваа и: Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска, како и претставници од Собранието, локалната самоуправа, бизнис заедницата и дипломатскиот кор.

    Прочитај повеќе

    Утре локални врнежи и услови за невреме

    20.09.2026 во 13:43

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.