Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пристигнуваат сахарски песок и валкан дожд, па пад на температурите за 10 степени – регионот се соочува со голема промена на времето
    • По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече
    • УХМР најавува силно невреме: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
    • Литванскиот премиер потврди: Дронот што експлодираше кај нас бил украински, влегол преку Полска
    • Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници
    • Расте бројот на жртви од бурата што ја погоди Шпанија
    • Тажна вест: Почина поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер – Имаше само 40 години
    • Откази за професорите, студентите ќе останат без стипендии, сметка за скршен семафор ќе стигне на домашна адреса – Рама се налути
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС доживеа огромен дебакл, сега веќе е трета партија во државата

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС доживеа огромен дебакл, сега веќе е трета партија во државата

    05.11.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС.

    Граѓаните ги препознаа досегашната работа, искрените намери и одлучност Македонија да почне да се развива, затоа и ги избраа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

    На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.

    Овие локални избори се значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија и историски промени.

    Благодарение на поддршката и довербата од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ издвојува големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево, до сега раководени од кадри на СДС.

    Со победата на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје, граѓаните избраа работа, решавање на хаосот и реални проекти за развој на градот.

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во останатите општини убедливо победија, наспроти нивните противкандидати.

    Од друга страна, пак, на овие избори СДС доживеа уште еден огромен дебакл и сега веќе е трета партија во државата, зад ВРЕДИ, нашиот коалициски партнер.

    Со околу 126 илјади гласа, СДС освоени само 6 општини и околу 230 советника. На ова ниво, до сега СДС никогаш не биле.

    Ова е јасна порака дека граѓаните се против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. Наместо да се оградат и дистанцираат од него, Филипче и целото раководство на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Заев, човек кој ја распродаде и уништи Македонија.

    Тоа граѓаните, не само што веќе не го трпат, туку и жестоко го казнуваат.

    На Македонија и треба силна опозиција која со конструктивни политики и со луѓе со кредибилитет, ќе биде коректор на власта. А, Филипче и ова раководство на СДС во моментов се во политички офсајд и без никаков кредибилитет.

    Затоа се потребни итни промени во раководството на СДС, време е Филипче да замине од политиката и да ја ослободи партијата за нови и некомпромитирани кадри“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Убедлива победа во Брвеница, СДСМ доживеа нов изборен дебакл

    20.10.2026 во 09:37

    СДСМ бара оставка од Клековски: Здравството е во хаос

    20.10.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.