Author: Author 04

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид. КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА заклучно со декември 2025 година планира да оствари 60% повеќе приходи споредбено со 2024 година. 2026 година ја започнува со нов инвестициски циклус од над 30 милиони евра, нови 200 работни места и раст од 20% на приходи споредбено со оваа година.

Повеќе

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, врз основа на информации добиени од ЕВН Македонија АД, ги информира граѓаните за планирани прекини на електрична енергија во одредени делови од општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров.Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар. Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница во општина Зелениково. Корисниците…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд, кои според УХМР, насекаде ќе престанат во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, но долж Повардарието повремено ќе биде засилен.Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во главниот град ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, проследено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне 16 степени. УХМР најавува дека по денешниот ден, до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво,…

Повеќе

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Х.А.Н.(28) од Сирија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ и против Д.Ј.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. Нa 04.11.2025 првопријавениот, од територијата на Р.Грција прифатил 13 мигранти од Египет, од кои шест се деца, по што илегално ги префрлил на територијата на Република Северна Македонија, од каде требале да бидат прифатени од страна на второпријавениот  со патничко возило „шевролет каптива”.

Повеќе

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 03.10.2025 во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавна установа „Центар за социјални работи”- Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата, додека извршувале работни задачи.

Повеќе

Утре 11.11.2025 година (вторник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид. КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА заклучно со декември 2025 година планира да оствари 60% повеќе приходи споредбено со 2024 година. 2026 година ја започнува со нов инвестициски циклус од над 30 милиони евра, нови 200 работни места и раст од 20% на приходи споредбено со оваа година.

Повеќе

Жителот на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески, е пренесен на клиниките во Скопје по сериозен напад од мечка кој се случил вчера околу 13 часот во атарот на селото Рилево. Милески со пријател бил на вообичаена берба на печурки кога мечката ненадејно го нападнала. Нападот траел десетина минути, по што мечката избегала. Пријателот го донел повредениот во прилепската болница околу 14 часот. Началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, ги опиша тешките повреди: „Дежурниот лекар првично констатирал повреди на главата, значи имаше дел откинување на скалпот, имал каснатини на лицето, на носот каде дел од носот…

Повеќе

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата – инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој, соопшти Министерството за финансии. Оттука објаснија дека одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. „За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни…

Повеќе

Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието е брза и недвосмислена. Во време на СДС одговорноста беше мисловна именка, дури и кога доказите излегуваа во јавност, СДС ги бранеше своите функционери и до последен момент овозможуваше тие здружно да ја крадат државата. Во врска со манипулациите дека ИПАРД…

Повеќе

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”. Како што информираат од МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието. Имено, дел од парите од дневниот промет од наплатните пунктови по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии, кои и биле доверени во службата, не ги…

Повеќе