- Драма на небото над Србија: Воени авиони пресретнаа патнички авион по тревога за експлозив
- Искористете го сонцето за викендот: Од понеделник следува пресврт
- МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари
- Приведени две лица во Скопје: Полицијата заплени пиштоли и муниција во Ченто и Центар
- Нова безбедносна тревога во Прага: Полицијата проверува девет авиони по дојави за поставени бомби
- МВР казни 43 возачи на камиони во Скопје
- Угостителите во Скопје ќе можат да фрлаат отпад до 1 часот по полноќ
- Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил
Author: Author 04
Вчера во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во с.Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
Вчера на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип. Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д..
Вчера во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од с.Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево. При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење. Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето…
Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Возило кое превезувало патници до и од аеродромот во близина на Вашингтон доживеало несреќа во која биле повредени најмалку 18 лица. Возилото, познато и како мобилен салон, удрило во пристаништето на меѓународниот аеродром Вашингтон Далес околу 22:30 часот по локално време во понеделник. Според соопштението на Метрополитен аеродромскиот орган на Вашингтон (MWAA), возилото удрило во пристаништето, предизвикувајќи штета на терминалот. Повредените патници го напуштиле возилото користејќи скали и биле однесени во болница. Според првичните информации, ничиј живот не е во опасност. Употребата на таканаречените „мобилни салони“ на аеродромот во Далас датира од 1959 година и тие долго време биле цел…
Ново видео на кое рускиот претседател Владимир Путин се ракува со шефицата на движењето „Здрава татковина“, Екатерина Лешчински, повторно ги разгоре гласините за неговото здравје, при што многумина ги забележаа испакнатите вени на неговите раце и необичното ракување. Рускиот претседател се сретна со Лешчински за да разговара за можноста за забрана на продажбата на електронски цигари во земјата. Кога Путин ја испружи десната рака, многумина забележаа испакнати вени, истакнати тетиви и тенка, збрчкана кожа. Снимката го прикажува рускиот лидер како нервозно ги движи прстите и ги стега во тупаница под ракавот од јакната. Откако видеото се појави на социјалните мрежи,…
Овен Денес можете да почувствувате силен наплив на енергија што ве охрабрува да преземете акција. Искористете го за да започнете нови проекти, но внимавајте да не брзате премногу во комуникацијата со другите. Можни проблеми со ‘рбетот. Бик Вашето внимание денес е насочено кон стабилноста и безбедноста. Ќе ви биде удобно да поминувате време во мирна средина и да уживате во мали задоволства. Вашата финансиска состојба може да добие позитивен поттик. Внимавајте на можните проблеми со притисок. Близнаци Денес ќе бидете полни со идеи и желба за разговор. Можни се нови познанства или интересни информации што ќе ви отворат нови можности.…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид негираше дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани по апсењата во Агенцијата за поддршка на земјоделството. Напротив, тој истакна дека акцијата за борба против корупцијата е „поздравена“ од Европската комисија. Мицкоски потврди дека тој побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, но со цел да се продлабочи истрагата и да се утврди обемот на злоупотребите. „Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Затоа што првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе…
Јас можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид при посетата на фабриката КОСТАЛ. Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа, нагласи Мицкоски. „Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од…
