Author: Author 04

Романското Министерство за одбрана објави дека можни фрагменти од дрон се пронајдени на околу пет километри во романската граница по нападот на Русија врз украинските пристаништа на Дунав синоќа. Поради неповолни временски услови, земјата-членка на НАТО не можеше да полетува борбени авиони, а населението во погодената област доби наредба за евакуација, се вели во соопштението. „Во 00:07 часот, властите издадоа предупредување RO-Alert за населението на северниот дел од округот Тулча, откако беа пријавени повеќе експлозии на украинската страна на Дунав, во областа на пристаништето Измаил. Околу 01:09 часот, Министерството за одбрана беше известено за пад на авион во близина на…

Повеќе

Војната не е завршена и Хамас ќе биде разоружан, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето пред Кнесетот, израелскиот парламент. „Оние кои сакаат да ни наштетат повторно се вооружуваат. Тие не се откажале од својата цел да нè уништат. Хамас ќе биде разоружан. Газа ќе биде демилитаризирана. Тоа ќе се случи или на лесен или на тежок начин. Но, тоа ќе се случи“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“. Израелскиот премиер оцени дека Израел се приближува до земјите во регионот повеќе од кога било и додаде дека јавноста ќе слушне повеќе за тоа. „Израел е решен да ги спроведе договорите…

Повеќе

Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта, велат од СДСМ.  „Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ.  Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. Овој мега скандал е показател за систем на корупција и клиентелизам што целосно ја разорува довербата на граѓаните во институциите. Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство биле известени за суспензијата уште во петокот, но не ја информирале јавноста. Прашањето…

Повеќе

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари средба со проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој работен состанок, соговорниците дискутираа за унапредување на можностите и квалитетот на наставата по физичко образование во основните училишта, како и за важноста на нејзината инклузивност. Средбата претставува почеток на институционална соработка меѓу Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, насочена кон поддршка на наставниците, промоција на здрави навики и создавање инклузивна средина во спортот и образованието. Како прв заеднички чекор, постигнат е договор наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела…

Повеќе

Индустрискиот сектор во Македонија се соочува со сериозен предизвик по најавите дека две големи американски компании, „Aptiv“ и „Dura Automotive Systems“, ќе ги затворат своите фабрики. Нивното заминување директно влијае врз пазарот на трудот, бидејќи заедно вработуваат над илјада лица. Клучни детали за заминувањето: Економските аналитичари предупредуваат дека заминувањето е дел од поширок тренд, а последната анкета на Советот на странски инвеститори сигнализира сериозна загриженост за деловната клима. Само 43 проценти од инвеститорите би се одлучиле повторно да вложат во Македонија, што е силен негативен сигнал за регулативата и инфраструктурата. Заминувањето на овие две компании, кои беа клучни за технолошко-индустриските…

Повеќе

Вчера во 19:00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино. При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило. Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш…

Повеќе

Во сообраќајна несреќа што се случи во петокот на автопатот Даниловград-Никшиќ, во близина на Загорак во Црна Гора, загина српскиот и нишки државјанин Владан Спиридоновиќ Спирко. Владан Спиридоновиќ Спирко беше клучна фигура во развојот на нишката електронска музичка сцена, познат како диџеј, продуцент и организатор на првите рејв забави во градот. Како основач на клубот „XL“, тој основа простор кој одигра пионерска улога во промоцијата на андерграунд електронската музика во Ниш. Неговиот премиерен јавен настап се одржа во 1992 година во легендарниот „Ноќни клуб“, каде што стана резидент диџеј на само 16-годишна возраст. На почетокот на 90-тите години, тој се…

Повеќе

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, кој истакна дека предлог-буџетот за 2026 година ги опфаќа потребите на буџетските корисници и дека овој предлог буџет има изразена фискална дисциплина, како и серија инструменти кои ќе значат зголемена отчетност и ефикасност при самата реализација. „Буџет што значи работа, работа и само работа. Овие проекции ги базираше Mинистерството за финансии врз основа на барањата на буџетските корисници. Исто така, има два нови моменти кои треба навистина да се земат и да се почитуваат, тоа е изразена фискална дисциплина, како и серија на инструменти коишто ќе значат зголемена…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се промени.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,486 ден/кг и сега изнесува 36,427 ден/кг.Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени…

Повеќе