Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје започнуваат соработка – обука за наставниците за работа со деца со посебни потреби

    Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје започнуваат соработка – обука за наставниците за работа со деца со посебни потреби

    11.11.2025 во 10:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари средба со проф. д-р Влатко Неделковски, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. На овој работен состанок, соговорниците дискутираа за унапредување на можностите и квалитетот на наставата по физичко образование во основните училишта, како и за важноста на нејзината инклузивност.

    Средбата претставува почеток на институционална соработка меѓу Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, насочена кон поддршка на наставниците, промоција на здрави навики и создавање инклузивна средина во спортот и образованието. Како прв заеднички чекор, постигнат е договор наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела Вода да поминат обука за работа со деца со посебни потреби, која ќе започне во декември.

    Оваа обука има за цел да обезбеди пристапност, разбирање и соодветен пристап кон секое дете, со што ќе се придонесе кон еднакви можности и поголема интеграција во наставниот процес.

    -Ми беше драго што се запознавме со активностите на факултетот и што заеднички можеме да направиме повеќе за здравјето и развојот на децата, особено на оние со попреченост. Со деканот, проф. д-р Неделковски, разговаравме и за други можности за соработка, кои ќе придонесат за зајакнување на спортот и физичката култура кај најмладите. Во фокусот на мојата работа како градоначалник ќе биде унапредувањето на спортската инфраструктура, но и подобрувањето на наставата по физичко образование, како и обезбедувањето еднакви можности за сите деца, без исклучок- изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.