Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Ќе поднесе ли Трипуновски оставка – Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство

    СДСМ: Ќе поднесе ли Трипуновски оставка – Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство

    11.11.2025 во 10:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта, велат од СДСМ. 

    „Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ. 

    Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции.

    Овој мега скандал е показател за систем на корупција и клиентелизам што целосно ја разорува довербата на граѓаните во институциите.

    Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство биле известени за суспензијата уште во петокот, но не ја информирале јавноста.

    Прашањето сега е кој ќе понесе одговорност за овој мега скандал?

    Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Кој ќе одговара за криењето информации од јавноста?

    Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка? 

    Оние што се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Мицкоски и блиски соработници на  Трипуновски од министерството, затоа политичката одговорност за овој случај мора да има.

    Ќе го повика ли Мицкоски на одговорност Трипиновски или ќе продолжи да го штити?“, прашуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.