Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови возила за почисто Скопје: „Комунална хигиена“ замени околу 500 контејнери
    • Лоши вести: Цената на нафтата драстично скокна
    • Трамп со нов предлог: Ново Мексико да стане „Нова Америка“
    • ФОТО+ВИДЕО: Ставил златен накит вреден 4 милиони денари во перница за врат – Го фатија на Богородица
    • ВМРО-ДПМНЕ: Убедлива победа во Брвеница, СДСМ доживеа нов изборен дебакл
    • Ескалација во Париз: Демонстрантите го блокираа Лувр, музејот ги затвори вратите
    • Мелони испраќа 500 војници во Милано по насилничките немири, се најавуваат итни мерки
    • Грчката полиција во висока готовност: Студенти и ученици излегуваат на масовни протести во Атина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна

    СДСМ: Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна

    04.11.2025 во 15:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна, стои во соопштението од СДСМ. 

    „ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови

    ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле. 

    Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата.

    За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат.

    Државата е на колена – економски, финансиски и социјално, и за жал, овој тренд ќе продолжи. 

    Освен партиски прес-конференции со напади врз СДСМ, не можат да испорачаат ништо друго. 

    Затоа никогаш повеќе нема да можат да се надеваат на поддршката со која дојдоа на власт – таа ќе продолжи да паѓа.

    СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа. 

    Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна.

    По изборите следи јасен патоказ напред за СДСМ: потребни се промени на политичко и кадровско ниво кои ќе донесат раст и зајакнување“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Убедлива победа во Брвеница, СДСМ доживеа нов изборен дебакл

    20.10.2026 во 09:37

    СДСМ бара оставка од Клековски: Здравството е во хаос

    20.10.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.