Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што ќе има на „Карпошово културно лето“: 10 дена музика, филм, изложби и забава
    • Трагедија во семејството на Елвир Мекиќ: ненадејно почина неговиот брат Елвис
    • Дневен хороскоп: Трпението клуч за успех кај Овенот, Бикот ќе реши некоја обврска што го оптоварувала
    • „Да имам јас таков филм, би го пуштила пред Дневникот” – Северина се прости од Ведрана Рудан
    • ЦУК со пресек: 37 пожари за 24 часа – Најкритично во Студеничани
    • Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?
    • Ќе легнат пари на сметките: Колку ќе изнесува К-15 годинава?
    • ФОТО: „На небото те чека другарка, знаеш ти која” – Водителката која помина низ хорор се прости од Ведрана Рудан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК ги утврди новите пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов влегуваат во Собранието

    ДИК ги утврди новите пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов влегуваат во Собранието

    03.11.2025 во 16:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги утврди кандидатите кои ќе ги заменат Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски, кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.

    Според одлуката, пратеници ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, образложи дека редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, овие тројца ќе ги заменат досегашните пратеници.

    Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот. За новите тројца пратеници ДИК веднаш ќе го информира Собранието на РСМ.

    Претходно, на денешната седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа пратеничките мандати, откако беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.

    Кондарко истакна дека Александра Николовска и Мартин Стојановски ќе бидат пратеници за Изборната единица 1, а Мито Андонов за Изборната единица 4. ДИК ќе им издаде уверение, а Собранието потоа ќе ги верификува нивните мандати.

    На денешната седница, ДИК ја усвои и Одлуката за доделување средства на своите вработени, припадниците на МВР и другите ангажирани лица за враќање на уредите за биометриска идентификација на гласачите користени во изборниот процес. Уредите ќе бидат донесени во ДИК, а потоа ќе бидат избришани сите внесени податоци.

    Прочитај повеќе

    Што ќе има на „Карпошово културно лето“: 10 дена музика, филм, изложби и забава

    19.08.2026 во 09:15

    Трагедија во семејството на Елвир Мекиќ: ненадејно почина неговиот брат Елвис

    19.08.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.