Author: Author 04

Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара, истакна Манасиевски. „Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата. Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша повторените локални избори за четири општини, кои ќе се одржат на 11 јануари. Повторувањето на изборите се однесува на општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Во овие општини, на првиот круг од локалните избори на 19 октомври, немаше доволен број излезени граѓани за да се исполни законскиот цензус. По распишувањето на изборите од страна на Собранието, Државната изборна комисија (ДИК) закажа седница за 13:00 часот. На седницата ДИК треба да ги започне подготовките за спроведување на повтореното гласање во наведените четири општини.

Повеќе

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија, се наведува во соопштението на СВР Струмица. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Повеќе

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна. Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од…

Повеќе

Продолжуваме со реализација на проектите, тоа што е ветено треба да се реализира, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при поставување на камен-темелник за изградба на нова детска градинка во реонот кај салонот за „Мерцедес“, спроти Универзитетот ФОН. Честитам на градоначалникот за експресно реализираната јавна набавка или да речам договор со операторот којшто ќе ја гради. Очекувам во рамките на рокот којшто го дефинирале да биде објектот изграден, истакна Мицкоски. „Продолжуваме како Влада да ги финансираме проектите коишто значат додадена вредност за граѓаните, еден од тие објекти е и овој јас честопати велам секогаш онаму каде што има потреба од вакви…

Повеќе

Пронајден е возачот кој вчера го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот, соопшти МВР. „Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово. На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници“,…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, очекува и во новиот мандат стабилна и конструктивна соработка со сите советнички групи. „Политиката ја тргаме настрана и се насочуваме кон она што е најважно, интересот на граѓаните,“ рече Герасимовски во интервју за Racin.mk. Тој потсети дека уште при примопредавањето на уверенијата до советниците порачал дека изборите се завршени и дека следува период на заедничка работа насочена кон проекти и решавање на потребите на жителите на Центар. „Граѓаните ни ја дадоа довербата да создадеме подобри услови за нив. Нашата задача е да работиме за нивното секојдневие, а не за партиски интереси,“ истакна Герасимовски. Градоначалникот…

Повеќе

Вчера во 14:44 часот на крстосница од бул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час, односно 74 километри на час повеќе од дозволеното.

Повеќе

Вчера полицијата регистрираше два одделни инциденти во кои возачи излетале од коловозот и кај двајцата било утврдено присуство на алкохол над законски дозволената граница.На 16.11.2025 во 22:35 часот на ул.„Индустриска“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Д.(40) од Македонска Каменица. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки македонска каменица, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта. Исто така околу 16:00 часот на автопатот Штип-Скопје, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.Ј.(48)…

Повеќе