Author: Author 04

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот. ,,Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги увиди некои работи, упорно седи во својот свет и за жал повторно ќе констатирам во тоа е се поосамена“, рече Јаревски. Јаревски посочи дека Предлог-буџетот е реален, со силно изразена развојна компонента и…

Повеќе

Алкохолот влегува во крвотокот побавно отколку што мислитеЕкспертите истакнуваат дека процесот на апсорпција не е моментален. Потребни се најмалку 10 до 15 минути за околу половина од внесената количина алкохол да се пренесе во крвта. По 30 минути, околу две третини се во телото, а само по 60 до 70 минути е речиси целата количина. Целосната апсорпција обично завршува по час и половина. Д-р Бисерка Обрадовиќ објаснува дека единечна доза алкохол, како што е чаша вино или кригла пиво, се разградува во црниот дроб помеѓу 90 минути и 24 часа. Таа исто така нагласува дека луѓето речиси никогаш не пијат…

Повеќе

Возач на Киа и неговата сопруга застанале покрај локален пат во близина на Шварцах за да му помогнат на човек во Мерцедес на кој наводно му снемало гориво. Сепак, нивната наивна желба да помогнат на крајот се покажала како најлошата можна одлука. Според полицијата, Мерцедесот веќе бил украден неколку часа претходно. Но, возачот на Киа не го знаел тоа кога излегол од возилото за да понуди помош. Додека сопственикот на Киа проверувал што може да направи, возачот на Мерцедес едноставно скокнал зад воланот на Киа и веднаш се одвезол со сопругата на совозачкото седиште. По околу 13 километри, на влезот…

Повеќе

Б. Р. (41) е уапсен во Белград во неделата под сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство. Имено, тој ја навредил својата поранешна сопруга А. Р. (44) пред спортски центар на улицата Дунавска, а потоа плукнал по неа, ја влечел за коса и ја шутнал неколку пати во телото. Му е изречена итна мерка со која му се забранува да се приближува и да комуницира со неговата поранешна сопруга, а истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер, генерален секретар во федералното Министерство за економија. На средбата на која беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше и за економската и трговска соработка меѓу двете земји. Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање. Вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во…

Повеќе

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во државава, претседателката истакна дека ние досега манифестиравме енормна спремност во спроведувањето на барањата на ЕУ. Таа го покрена и прашањето за преиспитување на процесот на евалуација од страна на Европската комисија. Компарирајќи ги досегашните 16 извештаи, посочи дека нотираниот прогрес…

Повеќе

Синоќа, непознати лица фрлија експлозивна направа во близина на училиште во Подстрана, во близина на Сплит, на местото каде што беа палени свеќи во чест на жртвите од Вуковар и Шкабрња. Снимката прикажува четири лица како бегаат непосредно пред да се случи ужасната експлозија. За среќа, никој не е повреден, но настанот ги вознемири мештаните, а особено родителите чии деца секојдневно поминуваат низ таа област, пишува порталот Подстрана. Овој вид однесување нема место во одбележувањето на Денот на сеќавањето или во нашата заедница. Оддавањето почит на жртвите од Вуковар и Шкабрња се оддава со достоинство, мир и почит, а не…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е уверен дека новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 година. „Оптимист сум дека рокот зацртан во програмата ќе го зачуваме,“ вели Герасимовски во интервјуто за Рацин, нагласувајќи дека општината веќе ги има финализирано клучните предфази од проектот. „Имаме идејни решенија од конкурсот. Откупивме три најдобри трудови, избрани од комисија составена од внатрешни и надворешни експерти, професори од градежниот и архитектонскиот факултет. Во моментов се изработува главниот проект и планираме тој да биде готов до февруари–март. Потоа следат околу три месеци за подготовка на документацијата и распишување јавна набавка за изградбата,“…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против В.М.(31) од село Злетово, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.09.2025 пред продажно место во селото, пријавениот физички нападнал 12-годишник.

Повеќе

Обилните дождови што го погодија италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија во текот на ноќта предизвикаа катастрофални последици. Во градот Брачани, во општина Крмин, веднаш до словенечката граница, лизгање на земјиштето затрупа и урна трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека уште се бараат двајца жители, објавува 24ur.com.Бројни возила за спасување и хеликоптер веднаш беа испратени на местото на несреќата. Спасувачите извлекоа едно лице од урнатините со скршена нога, кое беше однесено во болница во Видем. Поради ризикот од нови лизгања на земјиштето, властите евакуираа неколку семејства од Виа Сан Џорџо. Градоначалникот на Крмин, Роберто Фелкаро, ја…

Повеќе