- Со студентски оброк преку „М-услуги“ студентите ќе добијат 4.500 денари месечно
- До 13 часот 27,81% излегле на гласање, далеку повеќе од првиот круг
- До 11 часот гласале 13,82% од избирачите во Брвеница
- Полицијата упадна во локал во Карпош: Приведени осум малолетници, еден завршил на Токсикологија
- Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
- Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
- На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
- Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази
Author: Author 04
Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помага, во зависност од тоа што им е потребно. 850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите. Со оваа мерка директно помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање.…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за измерените врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Најмногу воден талог, 22 литри на квадратен метар, е регистриран во Лазарополе.Според мерењата на УХМР во 7 часот за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири во Крушево, два во Скопје–Зајчев Рид и еден литар во Скопје-Петровец и Струмица. Утрово најниска температура од 4 степени е измерена во Берово, 5 во Струмица, 9 степени во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево и Маврови Анови, 10…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко. Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ…
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница, премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70. седница се: Во прво читање на седницата ќе бидат разгледани измените и дополнувањата на следниве закони: По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи и продолжение на 19. седница, каде преостанати точки се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува…
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење. Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово. „Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или…
Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. УХМР предупредува дека на места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Локално се можни и услови за невреме со засилен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час, како и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од…
За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите. Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало факултетите и побарало ажурирање на списоците. – За разлика од претходниот месец, овој месец имаме многу поголем број студенти коишто ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на Републиката, поточно во Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде сведочеа двајца лекари специјалисти, како и застапници на оштетени пациенти. Сведочење на Специјалистите Д-р Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт која долги години работела на Клиниката, појасни во врска со комбинирањето на лекови. Таа истакна дека лекот палбоциклит не се дава заедно со хемотерапија или бевацизумаб, туку се комбинира со хормонска терапија како анастерзол или фулвестранд, но не и со мегаце. Таа додаде дека во периодот кога работела, секој лекар давал предлог за терапија, но конечната одлука ја носел директорот, а конзилиум за таргет терапија немало: „Во периодот за…
