Close Menu
Press24
    Најново

    Седнале зад волан без дозволи и со забрани – Уапсени 11 возачи, полицијата прави „чистка“ на патиштата

    23.03.2026 во 15:56

    Трамп тврди: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал

    23.03.2026 во 15:33

    Хорор во Кавадарци: Жител на Ваташа ги искршил прозорците на Фондот за здравство – полицијата веднаш го привела

    23.03.2026 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Седнале зад волан без дозволи и со забрани – Уапсени 11 возачи, полицијата прави „чистка“ на патиштата
    • Трамп тврди: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал
    • Хорор во Кавадарци: Жител на Ваташа ги искршил прозорците на Фондот за здравство – полицијата веднаш го привела
    • Сиљановска-Давкова утре во Хрватска – ќе биде пречекана со највисоки државни почести од претседателот Милановиќ
    • РКЕ пресече: Бензинот останува иста цена, дизелот поскапува – ова се новите цени
    • Тешко повреден полицаец кај Страцин: Возач на „Ауди А6“ го претепал по филмска потера на магистралниот пат
    • Скандал во тетовска банка: Службеничка зела 39.000 евра од клиент за депозит и си ги присвоила
    • Полицијата трага по возач на „БМВ“ со кумановски таблички кој остави тешко повреден скопјанец на пат во Ченто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк

    Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк

    17.11.2025 во 16:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите.

    Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало факултетите и побарало ажурирање на списоците.

    – За разлика од претходниот месец, овој месец имаме многу поголем број студенти коишто ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред свеченоста по повод 70 години од основањето на Бирото за развој на образованието.

    Во однос на пропустите откриени од Агенцијата за храна и ветеринарство кај поголем број сендвичарници во близина на училишта и како може да влијае МОН, Јаневска одговори дека Министерството нема ингеренции на тоа „ниту кој што отвора, ниту каде отвора“.

    – За тоа водат сметка други институции. Но, она што ние како МОН го правиме и што ќе го правиме во иднина е воведување програми за здрав живот, здрава исхрана и борба против обезност, дијабетес итн. Во Природни науки имаме внесено теми за здрава исхрана, а имаме и слободни активности, изборни предмети, проекти со партнерски организции во кои се потенцира здравиот начин на живот, борбата против злоупотреба на алкохол, тутун, дрога, против агресијата во училиштата итн. Имаме многу такви програми и интензивно ќе продолжиме да работиме на тоа, додаде Јаневска. 

    Популарно

    Седнале зад волан без дозволи и со забрани – Уапсени 11 возачи, полицијата прави „чистка“ на патиштата

    23.03.2026 во 15:56

    Трамп тврди: Иран се согласи да се откаже од нуклеарен материјал

    23.03.2026 во 15:33

    Хорор во Кавадарци: Жител на Ваташа ги искршил прозорците на Фондот за здравство – полицијата веднаш го привела

    23.03.2026 во 15:27

    Сиљановска-Давкова утре во Хрватска – ќе биде пречекана со највисоки државни почести од претседателот Милановиќ

    23.03.2026 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.